Повеќе извештаи за експлозии рано изутринава во Киев – се вели дека делови од главниот град се во темнина по прекините на струја низ градот
Москва претходно предупреди дека ќе ги таргетира „центрите за донесување одлуки“ доколку нападите врз Русија продолжат.
Локалните жители на социјалните мрежи пишуваат за експлозии во околината на Киев:
„Киевска област, на 40-50 километри од Василков, се слушнаа околу 7 експлозии. Таков ударен бран се уште не се почувствувал до сега. Ѕидовите се тресеа. Над Василков е забележана експлозија, очигледно дејствува противвоздушната одбрана“.