Свет

Кина ги информира САД: „Подготвени сме за битка“

Кинеската Народноослободителна армија (КНА) ќе преземе решителни мерки за да спречи надворешно мешање околу Тајван и да ги спречи сите обиди за сепаратизам, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

„КНА е подготвена за битка и ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го задуши секој обид за надворешно мешање и планови за одвојување на таканаречениот независен Тајван“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан во соопштението.

Тој посочи дека вчерашната посета на американски конгресмени на Тајван сериозно ја поткопува политичката основа на кинеско-американските односи и дополнително ги зголемува тензиите во Тајванското Море.

Ву рече и дека акциите на САД сериозно го нарушуваат принципот на една Кина и три заеднички американско-кинески коминикеа, пренесува РИА Новости.

Кинеската армија денеска соопшти дека извршила воени вежби околу Тајван, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.

Вежбите се насочени кон „погрешниот сигнал“ испратен од САД во врска со Тајван, објави денеска портпаролот на источната команда на Народноослободителната војска на Кина, пренесе кинеската телевизија.

Група од шест американски конгресмени, предводени од претседателот на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Боб Менендез, пристигнаа вчера во дводневна посета на Тајван, пренесе Ројтерс.

Соединетите Американски Држави немаат формални односи со Тајван, кој Кина го смета за своја територија, но тој е нивниот најважен меѓународен спонзор и снабдувач на оружје, наведува британската агенција. Официјалните односи меѓу централната влада на Кина и нејзината островска провинција Тајван беа прекинати во 1949 година, а деловните и неформалните контакти беа обновени кон крајот на 1980-тите. Од почетокот на 1990 година партиите почнаа да контактираат преку невладините организации. Русија ја поддржува политиката на една Кина, односно го смета Тајван за нераскинлив дел од Кина и е против независноста на островот во која било форма. Од друга страна, САД немаат воспоставено официјални односи со Тајван, но го поддржуваат островот, меѓу другото, и со испорака на оружје.

Related posts

Leave a Comment