Колумни

Елена Петковска: Не оставка, туку затвор за вас, криминалци и убијци на цел еден народ на секаков можен начин!

Нема достапен опис

Вчера Никола Димитров излезе со изјава дека само Македонија е исклучена од пакетот помош од ЕУ поради успешното менаџирање со кризата. Успехот на Владата е што штедела на справување со пандемијата, затоа што условот за користење помош е оптоварување врз јавните финансии со 0,3% од бруто националниот доход.

Оваа изјава може да биде кажана само од нарцисоиден шизофреничар, како што е впрочем дијагнозата и за цела влада на чело за алаш вериш премиерот.
Знаете ли колку пари го чини еден човек витаминска терапија која е важна да се зима ако сте со симтоми на корона?
Многу!
За жал од пред неколку дена лично дознавме, иако знаев и претходно бидејќи сум свесна за ситуацијата во која сме како држава и знаејќи дека оваа влада никако и на ниеден начин не му помогна на македонскиот народ да му го олесни лекувањето и третирањето на болеста.
И Димитров ми кажува дека добро менаџирале?
Е па нека ми одговори што има добро во ова:
На сликата подоле се сите витамини и лекарства кои мораме да ги пиеме бидејќи сме со симптоми на корона.
Освен двата антибитици, панцеф и зинат сируп се друго се купува приватно!


Најскапиот лек harelto чини 3813ден, а сите останати од 300 до 900денари. И сите по два пати купени. Во моментов сме на пола пат според поминатите денови, па повторно ќе мораме да ги надополниме залихите.
Досега потрошивме скоро 30 000ден!
И тоа сме со полесни симптоми и среќа без компликации и потешкотии.


Испитувањата се исто приватно. Освен тестирањето, кое беше преку матичен и само за еден, се друго плативме приватно: крвна слика, црп, д димери.
3000ден вкупно за двајцата, а ќе мора да ги повториме испитувањата за една недела.
И преставниците на шизофрената власт ќе ми кажатдека добро менаџирале?
Што добро изменаџиравте?
Што останавме без работа, без пари, што приватно мораме да правиме испитувања, што приватно мораме да плаќаме лекарства затоа што сте неспособни и единствено ви е важно како да се збогатите?
Да не заборавиме и дека сме во карантин, па и пазарењето е проблем и чини поскапо бидејќи друг ги обавува тие работи и не е должен да трча во 6 различни маркети во кои пазариш бидејќи штедиш.
А и исхраната мора да биде соодветна и богата со витамини.
Затоа пак ќе прашам, каде е доброто менаџирање на ковид кризата?
Полициски час во 10 навечер? Дополнителното плаќање на полицијата наместо обезбедување на средства за лекување?
Провизиите?
Што е добро?
Што сама се лечам и ќе ме соопштите во излекувани, а не сте вложиле ни денар во моето лекување?
Знаете ли дека сме на раб на сиромаштија, оптан-топтан цела држава?
Дека луѓе немаат пари и лента витамин Ц да купат? Дека гладуваат и немаат пари за основни работи не за дополнителни трошоци макар се работело и за живот? И зашто само ние мораме да плаќаме за да преживееме?
Зашто плаќа,е здравствено кога тие услуги, особено сега кога ни се најпотребни не ни се достапни?
Зашто и за се останато што не е поврзано со ковид 19 мораме да го плаќаме приватно? Не постојат и наеднаш изчезнаа сите останати болести?
Тоа е добро менаџирање?
Добро менаџирање е да го спасите напатениов народ:
-сите витамини и лекови кои се клучни за лекување на короната да бидат бесплатни или барем на позитивна листа со партиципација која можеме да си ја дозволиме се додека трае кризата
-маски, средства за дезинфекција бесплатно достапни
-испитувања, не само тестови, бесплатно достапни низ сите клиники
Тоа е дел од добро менаџирање.
Не да не третирате ко да сме со 1/8 мозок!
Освен вашите амбиции да не распродадете, осиромашите и уништите, вие ништо друго не менаџирата, најмалку добро.
И не оставка, туку затвор за вас, криминалци и убијци на цел еден народ на секаков можен начин!

Елена Петковска

Related posts

Leave a Comment