Свет

Ердоган : Ако уште еден војник биде повреден, ја напаѓаме Сирија

Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ги нападне сириските владини сили било каде во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, можеби и од воздух. Ердоган и Путин разговараа за Сирија преку телефон.

Реџеп Таип Ердоган изјави во Анкара дека Турција е решена да ги истурка силите на сириската влада зад турските караули во северозападната провинција Идлиб до крајот на февруари.

„Ќе го сториме тоа на кој било начин, од воздух или од земја“, рече турскиот претседател.Путин и Ердоган разговараа по телефон за зголемувањето на тензиите во Идлиб.

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, разговараа телефонски за Сирија, како и за растечките тензии во провинцијата Идлиб, соопшти Кремљ.

Ердоган и Путин се согласија дека е неопходно целосно да се исполнат руско-турските договори за Сирија.

„Двајцата водачи разговараа за различни аспекти на активностите насочени кон решавање на сириската криза“, се вели во соопштението на Кремљ .

Во соопштението се вели дека телефонскиот разговор бил инициран од Анкара.

Related posts

1 comment

DLM 13/02/2020 at 12:37

Спремај се Сиријо че те напајџа Султанот Ердоан, хо хо хо
Ако имате врски со овој јавете му дека следниот обид за државен удар можно е да биде успешен, ќе нема кој да го брани. АлЦИАда че го спасува, хо хо хо

Reply

Leave a Comment