Ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али Алхаким изјави дека секоја ескалација на тензиите на Блискиот исток би им одела на рака на терористите.
Затоа што на тој начин би можеле да ги зајакнат своите позиции.
Алхаким ова го изјави на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, кој пристигна во Багдад во обид да ги смири тензиите еден ден по иранскиот ракетен напад врз две ирачки бази што ги користат американските сили.
„Секоја ескалација на тензиите би ги зајакнала капацитетите на терористите“, истакна Али Алхаким, јави телевизијата Ал Хадат.
Но, Алхаким истакна дека Багдад прави напори да ги намали тензиите меѓу САД и Иран,пренесува Тасс.
Чавушоглу рече дека треба да се спречи Ирак да стане арена на конфликт меѓу странските сили.
„Турција и Ирак ќе ја продолжат соработката за надминување на овој мрачен период во историјата на Ирак. Бараме да се спречи нашиот сосед да стане арена на конфронтација на странските сили“, рече Чавушоглу.
Чавушоглу рече дека „неодамнешните напади врз воените бази во Ирак покренаа сериозни проблеми во регионот“.