Соопштенија

СООПШТЕНИЕ : 11ти ЈАНУАРИ-ПРОТЕСТ ПО ПОВОД ГОДИШНИНАТА ОД СРАМНИОТ ОБИД ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Будење 

Почитувани браќа и сестри Македонци На 11.01.2020 се навршува една година исполнета со маки, чемер и јадови. Една година откако хунтата и домашните квинслинзи се обидоа да ни го сменат милениумското име. Името на најстарата држава во Европа, име од кое ден- денес се плашат и сакаат да се заборави. Да излеземе и да им покажеме дека тоа е само уште еден јалов обид за преименување на МАКЕДОНИЈА, како многуте претходно ( Румелија, јужна Бановина, ФИРОМ). Додека сме ние живи и Македонија е жива. #НикогашСевернаСамоМакедонија. Ве покануваме да ни се придружите на моторизираното дефиле кое тргнува од црквата во Долно Лисиче во 16ч или на собирот пред собранието на РепубликаМакедонија. Не очајувајте- Изгрева Сонце! МнМ

 

Related posts

Leave a Comment