На пленарната дебата на Европскиот парламент одржана по состанокот на Европскиот совет на 24 и 25 јуни, фон дер Лајен истакна дека новиот унгарски закон е главна тема меѓу шефовите на држави и влади на сесијата на Европскиот совет .
Тaa забележува дека унгарскиот закон „ја изедначува хомосексуалноста со порнографијата“, нарекувајќи го ваквиот закон уште еднаш дискриминирачки и срамен “, пренесе Танјуг.
Таа додаде дека законот е во целосна спротивност со суштинските вредности на ЕУ .
Претседателката на ЕК изјави дека, доколку некоја земја-членка на ЕУ го наруши владеењето на правото на начин што има последици врз парите на европските даночни обврзници и буџетот на ЕУ, Комисијата е должна да преземе мерки против таа земја.
Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел рече дека законот предизвикал „длабока загриженост“ кај лидерите на ЕУ.