Свет

РУСКИ ПОЛКОВНИК ИМ СЕ ЗАКАНИ НА БРИТАНЦИТЕ: Телата на вашите морнари ќе бидат одлична храна за локалните риби

 

РУСКИОТ полковник Виктор Баранец реагираше на објавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб дека британските бродови ќе продолжат да минуваат покрај бреговите на Крим.

– Телата на вашите морнари кои ќе одат на следното „освојување на Крим“ ќе бидат одлична храна за локалните риби – тие ќе ви бидат многу благодарни – рече Виктор Баранец.

После тоа, британскиот брод – доколку е сеуште на површината – ќе биде закачен на кука и со голем срам, со помош на влечење, ќе биде довлечен во руското пристаниште.

 

Инцидент во Црното Море

Да потсетиме, британскиот разурнувач „Дефендер“ на 23 јуни влезе во територијалното море на три километри и ја премина руската граница во областа на ртот Фиолент на Крим. Рускиот граничен брод испука предупредувачки истрели, а авион од типот  Су-24М изврши предупредувачко бомбардирање во правец на движењето на бродот. Британското Министерство за одбрана и владиниот кабинет тврдат дека на нивниот брод не било стрелано и дека не бил во руските територијални води.

Related posts

Leave a Comment