Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, објави дека ЕУ постигнала договор според кој Брегзит би можел да биде одложен до 31 јануари следната година.
Туск на својот профил на Твитер напиша дека одлуката ќе биде формализирана во писмена форма.
The EU27 has agreed that it will accept the UK's request for a #Brexit flextension until 31 January 2020. The decision is expected to be formalised through a written procedure.
— Donald Tusk (@eucopresident) October 28, 2019
Британскиот премиер Борис Џонсон побара тримесечно одложување на Брегзит, откако пратениците во долниот дом на парламентот го отфрлија новиот договор кој тој го постигна со блокот.
Ројтерс потсетува дека какво било одложување на Брегзит мора да биде прифатено од сите 27 земји-членки на ЕУ.