Свет

Млада британка исчезна во Камбоџа

Амелија Бембриџ

Околу 150 луѓе трагаат по младата британка, која исчезна на популарниот камбоџански остров Кох Ронг, соопшти полицијата.

Во потрагата по Амелија Бембриџ (21) се вклучени нуркачи, полицајци, морнарички персонал, локални доброволци и странци.

Таа последен пат била видена минатата среда кога отишла на забава на една плажа, пренесува АП.

Полицијата изрази „претпазлив оптимизам“ дека младата британка е можеби жива, бидејќи и порано имало случаи на исчезнати странски туристи кои подоцна биле пронајдени како изгубено талкаат во областа на џунглата.

Братот на исчезнатата британка, Амелија Бембриџ, пристигна во југозападна Камбоџа за да помогне во потрагата.

Related posts

Leave a Comment