ФБ Статуси

Жално е што сите ние сме жртви на едно длабоко болно и неправедно општество

Фотографија на Filip Gjorshevski.

Изненадени сме? Воопшто не сум шокиран, прашање на време беше кога ваков индивидуален гаф ќе ни пресуди и ќе им плукне во лице на сите заложби, ангажмани и ресурси на министерството.
И ни прв ни последен пат. Ете во ист ден со директорката на кожната клиника, професори на економски факултет
осудени за поткуп и сексуални уцени, а години наназад судии. Најобразованите луѓе во едно општество?
Сите тие се различни страни на една иста паричка.

Македонија со децении страда од квазиинтелектуализам. Не е трчањето по титули и дипломи интелектуална вредност, денес од факултетските тезги рефус се купуваат дипломи, магистериуми и докторати.
Интелектуалната вредност е во општествената одговорност и моралот што високообразованиот човек МОРА да ги носи со себе и постојано да ги надоградува.

И интелектуалниот снобизам е квазиинтелектуализам. Има еден куп кои себеси се перцепираат како хиперинтелектуалци и возвишената суета не им дозволува да сфатат дека се обични смртници и дека и за нив важат закони, препораки и апели и дека никој не смее да биде привилегиран.

Континуираната деморализација, омраза, лаги и манипулации, постојаното медиумско и институционално насилство, емотивно и интелектуално осакатување, неправичноста и селективната правда, ги претворија луѓето во зомбија, во силуети со душа полна со саможивност и деструктивност, лажна самодоверба поради статус или пари и потполно изгубена свесност за постоењето на други луѓе околу нив, без тронка емпатија или почит кон туѓ живот и нималку општествена одговорност.
И жално е што сите ние сме жртви на едно длабоко болно и неправедно општество.

ФБ Статус – Филип  Ѓоршевски

 

Related posts

Leave a Comment