Свет

Коронавирусот го ‘нападна‘ седиштето на НАТО во Брисел

Самит НАТО-а у Лондону

Службеник на НАТО, кој работи во седиштето на Алијансата во Брисел ,е позитивен на коронавирусот по враќањето од Италија.

Можеме да потврдиме дека еден вработен во НАТО кој работи во седиштето на Алијансата во Брисел е тестиран и е позитивен на коронавирусот“, се вели во соопштението на НАТО.

Во соопштението се вели дека се вратил од одмор во северна Италија и кон крајот на минатата недела се почувствувал болен. Тој бил тестиран после симптомите слични на треска, и во моментов е  дома, во изолација.  Во рок од неколку минути од приемот на резултатите, биле известени сите негови колеги, се додава во соопштението.

‘Кон  крајот на минатата недела тие работеа од дома и ќе продолжат да го прават тоа. Сите членови на персоналот на НАТО се исто така известени за потврдениот случај. НАТО продолжува да ја следи ситуацијата и ќе ги преземе сите неопходни мерки.‘

Во соопштението се вели и дека НАТО веќе презела превентивни мерки во седиштето за да обезбеди безбедност на персоналот и на посетителите, засновано врз упатствата на СЗО за намалување на ризикот од натамошно ширење на инфекцијата.Тие вклучуваат привремена суспензија на патувањето за одредени членови на персоналот, мотиви за вработените да работат од дома и привремено прекинување на групните посети во седиштето на НАТО во Брисел.

„НАТО останува во близок контакт со белгиските власти“, се додава во соопштението

Related posts

Leave a Comment