Актуелно

Заврши распитот на Ременски за случајот Рекет

 

После 3 часовен распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, пратеничката и потпретседател на Собранието Фросина Ременски во изјава за медиумите кажа дека како почесен претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува  во органи на политичка партија или некоја организација.

Таа не откри дали знаела за стратегијата на сојузот и приливот на средста од бизнисмени. На новинарско прашање додаде дека треба да се расчисти целиот случај и сите што се повикани треба да дадат исказ во обвинителството, не била блиска со Катица Јанева ниту пак со второ осомничениот Зоки Кичеец и со сведокот Орце Камчев.

На распитот Ременски дојде сама без присуство на адвокат.

 

Related posts

Leave a Comment