Македонија

Заев пак се фати за метлата

 

 

По разрешувањето на неколкумина министри, разместувањето на дел од нив и назначување на нови, денеска ќе бидат соопштени оставките на функционерите од вториот и третиот ешалон и нивните наследници, објави „Фактор“. Премиерот Заев најави дека ќе има смени на заменици министри и директори на институции и дека очекува целиот процес да заврши до крајот на јули.

– Се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво. Веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Има подрачни единици, замениците, тоа се веќе испразнети места, непополнети кои што ќе завршат во овој период на јули. Идната недела веќе ќе одиме со следниот чекор, изјави Заев при денешната посета на Стоби, одговарајќи на новинарско прашање до каде е реконструкцијата.

Посочи дека со смената на замениците министри и директорски места во подрачните единици во државата ќе заврши самата реконструкција.

Инаку оваа таканаречена „метла“ беше најавувана уште за времето на претседателските избори.

Како што се најавуваше вчера, премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе ги договориле деталите, а завршени се и преговорите со помалите коалициони партнери. Вера по ова прашање имало и неформална точка на дневен ред на редовната владина седница.

Највлијателни и финансиски најмоќни второстепени државни органи во Македонија се АД ЕСМ, АД МЕПСО, РЕК Битола, Македонски енергетски ресурси, Пензискиот фонд, Фондот за здравствено осигурување, Државни патишта, Македонија пат, Царинска управа, УЈП, Агенција за електронски комуникации, Дирекција за трговско-индустриски развојни зони, АД Македонски Шуми, Македонски навигации, Македонска пошта, Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, Регулаторна комисија за енергетика и Инспекцискиот совет.

Останува да се види дали ќе има промени само во инстанците од ваков тип, или пак ќе бидат менувани и директори во здравството, образованието, правда и други области.

Related posts

Leave a Comment