Македонија

Затуроска: Нина Ангеловска е сопственик на фирмата Декодикс ДОО, добитник на грант од 20 милиони денари од Фондот за иновации

 

Нина Ангеловска, канидатката за министер за финансии, е сопственик на фирмата Декодикс ДОО која е добитник на грант од 20 милиони денари од Фондот за иновации, обелодени пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната собраниска седница.

Фирмата Декодикс ДОО во јавноста стана позната по тоа што за време на скандалозната распределба на грантови од Фондот за иновации беше обелоденето дека еден од нејзините сопственици беше и Христина Керкез, снаата на Цветанка Ласкова, која потоа побара изземање од сопственичката структура, што беше потврдено и од директорот Јован Деспотовски.

– Централниот регистар постапувајќи по пријавата за уписна промена и стапување на основач со пренос на удел го избриша името на Христина Керкез и сега како сопственици на Декодикс остануваат Горан Конкулвски, Иван Конкуловскии и нашиот кандидат за министер за финансии, Нина Ангеловска, истакна Затуроска.

Related posts

Leave a Comment