Свет

Захарова: Ги повикуваме сите што не се рамнодушни кон судбината на Балканот …

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова

САД, испорачувајќи оружје и воена опрема на властите во Приштина, отворено ги поткопуваат меѓународните напори за обезбедување мир и стабилност на Балканот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

“Ние сме загрижени за најавите за испорака на американско оружје и воена опрема до властите во Приштина. Со ова, САД отворено ги поткопуваат меѓународните напори насочени кон обезбедување мир и стабилност на Балканот”, рече таа.

Според Захарова, Вашингтон сака „да формира војска во покраината, што претставува директно, флагрантно кршење на точките од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН“.

„Ги повикуваме сите оние кои не се рамнодушни кон судбината на Балканот и иднината на овој чувствителен регион, да не дозволуваат чекори што можат да доведат до дестабилизација, акумулација на експлозивен конфликтен потенцијал“, заклучи портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

Related posts

Leave a Comment