Свет

ЗАХАРОВА: „НА УКРАИНЦИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ТЕРИТОРИЈАТА НА ДОНБАС, НЕ ЖИТЕЛИТЕ“

На украинските власти не им требаат жителите на Донбас, туку само празна територија со ресурси, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Јасно ни е каква опасност би им се заканувала на жителите на тој регион во случај режимот на Киев да го оствари својот сон – тие едноставно би биле уништени. Тоа го потврди и претседателот Зеленски кога неодамна рече: „Кој не го сака Донбас, а тоа значи да живее според правилата на Киев, нека ги спакува куферите и нека си оди“. Не им требаат луѓе кои би живееле во една украинска држава, потребна им е празна територија со ресурси, ослободена од оние луѓе кои не дозволиле да бидат потчинети – рече Захарова на редовниот брифинг со новинарите.

Конфликтот во источна Украина трае речиси осум години и за тоа време, според податоците на ОН, загинале над 13.000 луѓе, а околу 44.000 биле повредени.

Соединетите Држави и другите земји од НАТО ги подгреваат тензиите во Донбас со снабдување со оружје за Украина и испраќање воени инструктори. Москва постојано бараше регионот да престане да пумпа оружје, бидејќи тоа би можело да го поттикне Киев на воени авантури.

Related posts

Leave a Comment