Свет

За два месеци, САД ќе имаат милиони бездомници: Мораториумот е продолжен, но нема решение на повидок за тешката криза

Coronavirus: Pandemic is a new reason to help homeless people - Los Angeles  Times

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издадоа нов мораториум за иселување, кој ќе трае до 3 октомври, откако администрацијата на претседателот Џо Бајден не успеа да го продолжи законот, со што милиони Американци се изложени на ризик да ги загубат своите домови.

Новиот мораториум ќе им овозможи на жителите кои ја загубија работата поради пандемијата, да бидат ослободени од плаќање кирија додека е во тек  ширењето на делта Ковид-19, пишува Гласот на Америка.

Според објаснувањето на ЦДЦ, мораториумот ќе спречи луѓето да бидат исфрлени на улица во ова тешко време.

Откако мораториумот не беше продолжен, претседателот се обиде да ја префрли одговорноста на федералните и локалните власти и издаде наредба да им помогне на ранливите Американци.

Многу луѓе протестираа, вклучувајќи го и Кори Буш.

ЦДЦ издаде нов мораториум кој трае 60 дена и опфаќа области со зголемен број на нови инфекции со коронавирус.

Бајден рече дека околу 47 милијарди долари од федералниот буџет треба да им се дадат на жителите и тој ги критикуваше федералните држави за бавната распределба на парите.

Related posts

Leave a Comment