Колумни

ЗА ОВА НЕ СЕ УЧИ МНОГУ ВО УЧИЛИШТАТА

Фотографија на Mladen Marić.

 

Еве што направиле државите кои денес глумат демократија и држат предавања за човековите права.

САД и Европа, спроведувајќи ја демократијата, се збогатија преку туѓа крв. Европејците ограбуваа, измачуваа и убиваа, а нивното богатство лежи на коските на стотици милиони недолжни луѓе. Па сега оваа лицемерна Европа, а со неа и САД, ги промовираат човековите права и не учат сите за демократијата, додека злосторствата сè уште траат преку нео-колонијализамот, империјализмот и корпоративниот предаторски и граблив капитализам. Овие земји немаат никакво право, морално или било кое друго, да им држат предавања на државите за било што, посебно не за демократијата.

БРИТАНИЈА

Британската империја била најголемата империја во историјата. Во зенитот на нејзината моќ, Британците се фалеле со слоганот: „Империја во која сонцето никогаш не заоѓа“, каде заради ширењето на нивните колонии, сонцето секогаш блескало на барем еден дел од британската територија. Меѓутоа, во царството во кое сонцето никогаш не заоѓа“, извршени се едни од најстрашните злосторств во историјата. При разделувањето на Индија и Пакистан во 1947 година, Британците направија големи грешки. Во тој период 14 милиони луѓе ги напуштија своите домови при што е извршена најголемата човечки миграција во историјата. За време на империјата, во Индија од глад умреле меѓу 12 и 29 милиони луѓе. Во масакрот кај Амитсар, Индија од 1919та година, за помалку од десет минути, убиени се околку 1000луѓе од страна на британските војници. Во Родезија, денешно Зимбабве, Британците насилно им ја одземале земјата на домородци и ги пљачкосуваме нивните рудници за дијаманти. Востанието на племето Мау Мау во Кенија, во периодот од 1952 до 1960 година, заврши со победа на Британците кои убиле меѓу 20.000 и 100.000 луѓе.

ФРАНЦИЈА

Во 19от и 20от век, француската колонијална империја беше втора по големина во светот, зад британската. Франција се бореше очајно и жестоко, без оглед на трошоците, да ги задржи африканските колонии. Малку е познат фактот дека и до ден денешен, во 21виот век, некои африкански земји сè уште плаќаат колонијални даноци на Франција. Дури 14 африкански држави се должни преку колонијален договор да донираат 85% од своите резерви на пари во Француската централна банка. Африканските лидери, кои одбија да плаќаат даноци, беа убиени или извршен им е пуч. Во 1900 година француската Екваторијална Африка (денешна Чад, Габон, Централна Африканска Република и Конго) беше поделена помеѓу 40 француски компании кои се здобиле со право на 30-годишна употреба, или поточно безобзирен грабеж. За изградбата на железничката пруга кон атлантскиот брег, која била изградена во јужниот дел на Конго во периодот од 1921 до 1932 година, биле регрутирани 127.250 мажи од кои 14.000 се водат како исчезнати. Во Западна Африка, 211.000 Африканци биле мобилизирани од Французите во Втората светска војна, а 169.000 учествувале во битките во јужна Франција. Загинале 24.762 и не се зборува ништо за многумина чија судбина е непозната. За време на седумгодишната војна во Алжир, француската армија убила меѓу 350.000 и 400.000 цивили.

БЕЛГИЈА

Белгискиот крал Леополд Втори е одговорен за смртта на 15 милиони луѓе во денешно Конго. Овој злосторник ја имал како свој приватен имот цела една држава и станл владетел на територија 80 пати поголема од неговата Белгија. На тој начин тој станал апсолутен господар на животот и смртта за 20-те милиони луѓе кои живееле на територијата на денешна Демократска Република Конго, многу векови пред доаѓањето на „белиот човек“. Под слоганот „наука и напредок“, Леополд ја поробил целата нација, претворајќи го Конго во лична плантажа. Приватната војска на кралот била одговорна за законот и редот. Искористувајќи ги природните ресурси на Конго, Леополд Втори се стекнал со огромно богатство. Парите доаѓале од продажба на слонова коска, а подоцна и гума. Целото население во таа приватната држава на кралот работело бесплатно без никакво право да ги собира соковите од дрвјата од кои се правела гумата. Секое село имало квоти што требало да ги исполни. Ако не успееле, на многумина им биле отсекувани гениталиите, нозете и рацете, без разлика дали станува збор за маж, жена, старец или дете, додека други биле казнувани со камшик направен од кожата на нилски коњ. Од 20 удари со таков камшик, луѓето би ја изгубиле свеста и од 100 удари умреле. Леополд Втори, кој починал 1909 година, никогаш не бил казнет за варварските злосторства направенаи врз народот во Конго.

ХОЛАНДИЈА

Во 1602 година, Холанѓаните формирале организација за да овозможат бесплатна продажба и купување робови за нивните азиски колонии, а во 1604 година направиле своја оаза за фаќање робови во Африка, што ја нарекле “Брегот на робовите”. Холанѓаните први дизајнирале масовен транспорт на робови, а за помалку од 40 години, половина од населението на холандските колонии во Азија биле робови. Во 1621 година, формирале компанија која требало да обезбеди од “Брегот на робовите” дополнителна работна сила за плантажите на Карибите. Оваа компанија извршила транспорт на 550.000 робови во Карибите и Јужна Америка. Холанѓаните владееле со Индонезија 350 години, максимално експлоарирајќи ги природните ресурси. По Втората светска војна, Холандија изврши бројни злосторства и масакри и во Индонезија. На ден Божиќ 1946 година илјадници Индонезијци биле убиени од холандските специјални сили во јужниот дел на Целеби. На 9 декември 1947 година, холандската кралска армија на Источна Индија, на островот Јава убила 431 мажи. За време на колонијалната војна беа убиени 150.000 Индонезијци.

ГЕРМАНИЈА

Првиот геноцид во 20 век германските сили го извршиле во југозападна Африка, кога повеќе од 80.000 Намибијци од племињата Нама и Хереро биле убиени во 1904 година. На 3 мај 1904 година, императорот Вилхелм Втори го испраќа во Намибија Адријан Дитрих Лотар фон Трот, кој станува главен командант на германските единици. Ван Трот пристигнува со 14.000 војници во Намибија и изјавува: „Африканските племиња ќе умрат со насилна смрт. Тоа беше и останува задача на мојата политика. Во потрага по таа цел, јас ќе користам терор и суровост. Ќе ги истребам афрканските племиња во море од крв”. Ден пред тоа, Трот го опишува планот: „Да се опколи Харере кај Ватерберг и да се уништат, а потоа да се осудат на смрт.“ На 2 октомври 1904 година, Фон Трот им испрати предупредување на бунтовниците: „Јас, големиот генерал на германската војска, го испраќам ова писмо до Херерите. Народодот Херера мора да ја напуштат земјата. Ако тој одбие, ќе го направам тоа со топови. Секој член на Хереро, пронајден во германските граници, ќе биде убиен. Јас нема да штедам ниту жени, ниту деца. Ова се моите зборови до народот Хереро. ”Охрабрени од ваквиот став на нивниот командант, германските војници безмилосно ги убиваа припадниците на племето Хереро и силуваа млади жени од Хереро пред да ги убијат или да ги протераат во пустината. По војната, германските експерти за еугеника ги прашаа германските колонијални сили да собере и испрати во Берлин черепи и други делови од телата на убиените од племињата Нама и Хереро. Некои човечки остатоци биле користени во експерименти и повеќето биле продадени на колекционери низ цела Европа.

ШПАНИЈА

Шпанското царство бело првата вистинска колонијална империја во светот. Шпанската империја го достигнала својот врвот во 16от и 17от век, а завршува во 19от век со независност на колониите во Јужна Америка и губење на останатите колонијални поседи. Колонизацијата започнува по враќањето на Кристофер Колумбо од Западна Индија во 1493 година. Последователно, шпанската кралица Изабела I од Кастилија ги одобрила походите на новооткриените прекуокеански земји. Со проширувањето на империјата, Шпанија истовремено почнала да го го шири и учењето на католичката црква преку покрстување на локалното население. Домородното индијанско население било изложено на злоставување, грабежи, присилна работа и регрутирање за воени единици каде во голем број умирале од заразни болести како грип, сипаници и тифус. При освојувањето на нови колонии, освојувачите вршеле ужасно насилство врз домородците, а истото се случувало и на веќе освоените региони – убивање, ропство, силување, крштевање на домородното население, наметнување употреба на шпанскиот јазик, уништување на нивните обичаи и култура и многу други начини на злоупотреба на населението.

ПОРТУГАЛИЈА

Заедно со Шпанското колонијално царство, португалското царство е најстарата колонијална империја во историјата. Траела цели шест векови, од 1415 година, па сè до повлекувањето од Макао во 1999 година и независноста на Источен Тимор во 2002 година. Прекуокеанската експанзијата на Португалија започнала во 1488 година кога Бартоломео Диас допловил до ‘ртот Добра надеж, па продолжило со патувањето на Васко Дае Гама во Индија во 1498 година и откритието на Бразил во 1500 година. Кога пристигнале од океанот на источниот брег на Африка, Португалците веднаш почнале да ограбуваат и палат. Од сите колонијални сили, Португалците извезувале најмногу робови од Африка во Америка. Во португалска Африка, домородецот за да го подобри социјалниот статус морал да помине преку системот на асимилација, односно да одиат во локалните судови и докажуваат дека може да читаат и пишуваат португалски, дека се католици, финансиски независни, да покажат волја за откажување од домашните обичаи и да започнат да живеат на европски начин. За помалку од 100 години со португалските освојувања уништено е се она што е создадвано со векови.

АВСТРАЛИЈА

Австралијанските Абориџини се едни од најстарите нации во светот. Кога првата британска колонијална флота пристигнала во Австралија кон крајот на 18от век, на овој континент живееле помеѓу 300.000 милион абориџинскии племиња. Во многу делови на Австралија, Абориџините се целосно истребени, убиени или насилно протерани. Австралијанците на Абориџините им донесоа болести и алкохол, вршеја убиства, им ги одземаа децата на абориџинските мајки и спроведуваа дискриминација. Помеѓу 1930-тите и 1970-тите години на минатиот век, во проектот познат како “Украдена генерација”, десетици илјади деца беа насилно одземани од абориџинските родители и беа сместени во цркви за превоспитување. Од 1910 година, 100,000 деца Абориџини се одвоени од нивните родители и предадени на нови, бели семејства. Оваа дискриминаторска практика, што се практикуваше во Австралија до 1960-тите, беше спроведувана од сојузно и федерално ниво, а законите се засноваа на премисата дека Абориџините биле осудени на пропаст доколку тоа не се направело.

САД

Кога се создадоа Соединетите држави, Индијанците се сметаа за дивјаци, затоа тие беа континуирано убивани. Покољот на американските домородните сеуште е прикажан во учебниците по историја како нормално, иако злосторствата биле претходно планирана со намера за систематско, до последен, истребување на домородните племиња. Првото законско „хумано“ преселување на Индијанците започна во 1830 година, а воѓ1859 година во Тексас повеќе немало Индијанци. До крајот на 19 век биле убиени од белците меѓу 12 и 15 милиони Индијанци , а болестите како големите сипаници биле најсмртоносни. Геноцидот на почвата на Америка се смета за најмасовен геноцид во човечката историја. Индијците беа истребени во најголемиот геноцид во историјата, од цивилизација која се смета себеси за најголем поборник за почитување на човековите права во светот.

МЛАДЕН МАРИЌ

Фотографија на Mladen Marić.

Related posts

Leave a Comment