Под мотото СТОП ЗА ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ, група револтирани граѓани, за сабота најавија протест против ковид мерките на Филипче.
Протестот е дел од СВЕТСКИ ПРОТЕСТ ЗА СЛОБОДА, кој во сабота ќе се организира низ целиот свет во исто време
Дополнителен набој на протестот му дава последната најава на министерот за здравство Филипче за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор.
Поради тоа се очекува голема излезнот на најавениот протест во чија организација со поддршка се јавуваат голем број на субјекти, поединци и граѓански здруженија,
Протестот ќе се одржи во 17 часот пред собранието на Република Македонија.