Свет

Протести во Мелбурн поради задолжителната вакцинација(ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Мелбурн на протест против задолжителната вакцинација, а некои ја споредија државната власт со нацистите и повикаа на пресметка со политичарите , објавија локалните медиуми.

Во Австралија, каде што 83 отсто од населението на возраст од 16 и повеќе години е ревакцинирано против коронавирусот, имунизацијата низ целата земја е формално доброволна.

Сепак, австралиските држави и територии имаат право да побараат задолжителна вакцинација за бројни занимања и да им забранат на невакцинираните лица да одат во ресторани и на концерти, пренесува Ројтерс.

Демонстрациите во Мелбурн против задолжителната вакцинација беа мирни, објави весникот „Ејџ“.

Законот за задолжителна имунизација денеска стапи на сила, па градежните работници во државата Викторија се обврзани да бидат ревакцинирани.

Меѓутоа, еден новинар кој објави видео на Твитер покажува како демонстрантите го навредуваат премиерот на Викторија Даниел Ендрјус, а на едниот транспарент имал мустаќи како Адолф Хитлер, покрај кој напишал хаштаг #DictatorDen.

нас нè водат лудите медицински бирократи – рече поранешниот пратеник од Либералната партија, Крег Кели, сега лидер на Обединетата партија на Австралија.

Ејџ додава дека некои демонстранти повикале на насилство врз политичарите, но не наведуваат детали.

Втората најнаселена држава во Австралија, Викторија, ревакцинираше 87 отсто од населението и помина низ шест заклучувања што траеја речиси девет месеци.

 

Related posts

Leave a Comment