Македонија

ЗА ЦРПЛЕ, БУГАРИТЕ НЕ БИЛЕ ФАШИСТИ, А ЈУГОСЛАВИЈА НЕ ДРЖЕЛА РАЗДЕЛЕНИ ОД БРАЌАТА БУГАРИ

Заев: Со Борисов разговаравме за Берлинскиот процес, фокус е економијата -  24 Инфо

Заев смета дека Југославија нè држела разделени со Бугарија

Уште еден бисер од устата на српнатиот од муртинските ниви.

Имено тој во интервју за бугарски БГНЕС рече дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели, додавајќи дека политичарите од поранешна Југославија ги држеле Бугарија и Македонија разделени.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик? Политичарите од поранешна Југославија не држеа разделени“, истакна Заев.

Заев изјави и дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

„Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата“, кажа Заев во интервјуто.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивш Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?“, прашa Заев и уште еднаш повтори дека Југославија нè разделувала.

Related posts

Leave a Comment