Обрвска во некои земји, меѓу кои и нашата е носење на маска, шал, марама и сл., во затворени простории или на отворено кога не може да се одржи 2 метра растојание. Но, колку овие рестриктивни мерки влијаат на ширењето на КОВИД 19? Дали и колку се сигурни? Дали бенефитот од носење на маска го надминува ризикот од дополнителни проблеми?
Покрај многуте научни трудови и истражувања, како и изјави на признати научници, кои покажуваат дека носењето маски од страна на лицата кои немаат никакви симптоми (здравите лица) е неефикасна мерка за заштита на јавното здравје и опасна мерка за здравјето на здравиот човек и Светската здравствена организација (СЗО) го потврдува истото.
Согласно официјалните препораки на СЗО:
„Mаски треба да се користат само во специјални случаи. Доколку кашлате, имате висока телесна температура и потешкотии во дишењето, треба да носите маска и да побарате медицинска помош. Доколку ги немате овие симптоми, не морате да носите маска бидејќи не постојат докази дека ги заштитуваат луѓето кои не се болни. Маските самите по себе може да ви дадат погрешно чувство дека сте заштитени, па дури може да бидат и извор на инфекција доколку се користат несоодветно.“.
Во следните видеа погледнете ги во целост официјалните препораки на СЗО.
Од друга страна, согласно најновите податоци објавени од страна на Центарот за превенција и контрола на болести (ЦКБ) од 20.5.2020 година, најдобрата проценка за бројот на фатални исходи како последица на корона вирусот е 0.4%. И овој процент се однесува само на симптоматските случаи, за кои ЦКБ проценува дека претставуваат 65% од сите случаи (симптоматски и асимптоматски). Ова значи дека ЦКБ проценува дека стапката на смртност меѓу сите инфицирани и меѓу сите возрасни групи, симптоматски и асимптоматски, е приближно 0,26%.
Извор: https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/hcp/planning-scenarios.html
Значи, ако согласно најновите официјални податоци објавени од надлежните институции на светско ниво, потврдуваат дека Covid-19 не е опасна смртоносна болест, ако надлежните институции на светско ниво препорачуваат на здравите лица да не носат маски затоа што не постојат докази дека ги заштитуваат луѓето кои не се болни и уште повеќе затоа што истите може да претставуваат зголемен ризик доколку не се носат соодветно, тогаш ЗОШТО МАСКИТЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВО ПРОДАВНИЦИ, БАНКИ, ИНСТИТУЦИИ и слично, за сите лица, каде секојдневно се уверуваме дека не можат да бидат користени на соодветен начин како што препорачува СЗО?
Во продолжение погледнете ги прегледите кои ја поддржуваат тезата дека маските не се ефикасно средство, туку напротив, маските се опасно средство за справување со корона вирусот.
1 Маските не функционираат: Преглед на науката релеватна за социјалните политики кои се однесуваат на COVID-19
D. G. Rancourt е поранешен редовен професор по физика на Универзитетот во Отава, Канада. Познат е по поднесоците за истражувања од областа на образованието по физика. Има објавено повеќе од 100 научни написи од областа на физика на металите, науката за материјали, методите на мерење и науката за земјата и животната средина, како и многу есеи со коментари за општеството. Автор е на книгата Хиерархија и слободно изразување во борбата против расизмот. Од објавената студија:
Маските и респираторите не функционираат…
Постојат огромен број научни студии за рандомизирани контролирани испитувања (РКИ) и прегледи на мета-анализи на РКИ студиите, при што СИТЕ покажуваат дека маските и респираторите не функционираат при спречување на болестите на респираторниот систем кои се слични на грип или респираторните заболувања за кои се верува дека се предизвикани од капки од телесни течности и аеросолни честички.
Понатаму, релевантната позната физика и биологија, која јас ја разгледувам, покажува дека маските и респираторите и не се очекува да функционираат. Би било парадоксално доколку маските и респираторите беа функционални, ако се земе предвид што сè знаеме за вирусните респираторни заболувања: Главниот начин на пренос е долгото време на престој на аеросолни честички (<2,5 μm), кои се премногу фини за да бидат блокирани, а минималнaта заразна доза е помала од една аеросолна честичка.
Овој труд, кој се однесува на употребата на маските, го илустрира степенот до кој властите, главните медиуми и институционалните пропагандисти можат да одлучат да работат во научен вакуум или само да изберат нецелосна наука која им служи на нивните интереси. Таквата игнорантност, исто така, е секако случај и со сегашното глобално затворање на повеќе од 1 милијарда луѓе, невиден експеримент во медицината и политичката историја.
Преглед на медицинската литература
Во продолжение се наведени клучните точки oд екстензивната научна литература која утврдува дека носењето хируршки маски и респиратори (на пр., „N95“), не го намалува ризикот од заболување од овие болести.
Од заклучокот:
Ниту една рандомизирана контролирана студија со верифицирани исходи, не покажува придобивка за здравствените работници или членовите на заедницата од употребата на маски или респиратори. Нема таква студија. Нема исклучоци.
Исто така, не постои студија која покажува корист од широката политика за носење маски во јавноста.
Понатаму, доколку постоеше некаква корист од употребата на маска, заради блокирачката моќ против капки и честички од аеросоли, тогаш би требало поголема корист да има употребата на респиратори (N95) во споредба со хируршки маски, но сепак неколку големи мета-анализи и сите рандомизирани контролирани студии, докажале дека нема таква релативна придобивка.
Маските и респираторите не функционираат!
Непознати аспекти на носење маски
Многу потенцијални штети може да имплицираат широките јавни политики кои наложуваат носење маски, па се поставуваат следните неодговорени прашања:
• Дали искористените маски претставуваат извор на засилен пренос, за оној што ги носи и за другите?
• Дали маските стануваат собирачи и задржувачи на патогени микроби кои носителите на маски би ги избегнале кога би дишеле без маска?
• Дали големите капки заробени од маската се атомизираат или аеролизираат во компоненти кои можат да се вдишат? Може ли вирусите да избегаат од капка којашто испарува и која е залепена на влакната од маската?
• Кои се опасностите од раст на бактерии на употребените маски?
• Каква е интеракцијата меѓу капките кои содржат патогени со прашината од околината и аеросолите заробени на маската?
• Кои се долгорочните влијанија врз здравјето на здравствените работници, како што се главоболките, кои произлегуваат од нарушено дишење?
• Дали има негативни социјални последици врз маскираното општество?
• Дали има негативни психолошки последици од носењето маска, како што се промени во однесувањето поради страв од носење маски?
• Кои се последиците за животната средина од производството и отстранувањето на маски?
• Дали маските ослободуваат влакна или супстанции кои се штетни кога се вдишуваат?
2 Маските претставуваат сериозен ризик за здравјето
Д-р Расел Блејлок, автор на билтенот „Blaylock Wellness Report “, е национално признат неврохирург овластен од одборот, здравствен лекар, автор и предавач. Тој се школувал на Факултетот за медицина на Државниот универзитет во Луизијана и како млад студент ја завршил работата на определено време и програмата за пост-професионално клиничко и дидактичко образование од областа на невролошката клиничка пракса на Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина. За 26 години, практицирал неврохирургија истовремено практицирајќи во областа на нутрицијата. Неодамна се повлече од своите неврохируршки должности за да го посвети целосното внимание на истражувањата во исхраната. Д-р Блејлок е автор на четири книги, Екцитотоксини: Вкусот што убива, Тајните на здравјето и исхраната што можат да ви го спасат животот, Природни стратегии за пациенти од карцином и неговата најнова работа, Клеточна и молекуларна биологија на нарушувања на спектарот на аутизам.
Д-р Расел Блејлок, автор и експерт за здравствена заштита, предупредува дека не само што маските за лице не успеваат да ги заштитат здравите од заболување, туку тие исто така создаваат сериозни здравствени ризици за носителот. Во крајна линија важи дека ако не сте болни, не треба да носите маска за лице!
„Со носењето маска, издишаните вируси нема да можат да избегаат и ќе се концентрираат во носните премини, ќе влезат во нервите одговорни за мирисот и ќе патуваат во мозокот.“
„Во суштина некои студии откриле значителни проблеми со носењето маски. Тие може да варираат од: главоболки, зголемен отпор на дишните патишта, акумулација на јаглероден диоксид, до: хипоксија, па сè до сериозни животно- загрозувачки компликации.“
„Додека повеќето се согласуваат дека маската N95 може да предизвика значителна хипоксија и хиперкапнија, друга студија за хируршки маски откри значително намалување на кислородот во крвта. Во оваа студија, истражувачите го испитале нивото на кислород во крвта кај 53 хирурзи, користејќи оксиметар. Тие ја мереа заситеноста на крвта со кислород пред операцијата, како и на крајот на операциите. Истражувачите откриле дека маската значително го намалила нивото на кислород во крвта (pa02). Колку е подолго времетраењето на носењето маска, толку е поголем падот на нивото на кислород во крвта.“
„Студиите покажаа дека хипоксијата може да го инхибира видот на главните имунолошки клетки што се користат за борба против вирусните инфекции наречени CD4 + Т-лимфоцити … Ова ја поставува основата за да се заразите со инфекција, вклучително и COVID-19 и да ги направи последиците од таа инфекција многу поизразени. Во суштина, вашата маска може многу добро да ве доведе до зголемен ризик од инфекции и доколку е така, да имате многу полош исход.“
„Кога некое лице е заразено со респираторен вирус, тoa со секој здив исфрлува дел од вирусот. Ако носи маска, особено N95 маска или друга цврсто прилагодена маска, лицето постојано ќе ги вдишува исфрлените вируси, зголемувајќи ја концентрацијата на вирусот во белите дробови и носните патишта.“
„Со носење маска, издишаните вируси нема да можат да избегаат и ќе се концентрираат во носните премини, ќе влезат во нервите за мирис и ќе патуваат до мозокот.“
3 Прелиминарен извештај дека хируршките маски предизвикуваат деоксигенација за време на долги операции
A Beder , U Büyükkoçak, H Sabuncuoğlu, Z A Keskil, S Keskil спроведоа студија со цел да оценат дали носењето маски за време на оперативните зафати има или нема влијание на заситувањето на хемоглобинот со кислород.
„Согласно нашите наоди, стапката на раст на пулсот и SpO2 кај хирургот се намалуваат после првиот час. Оваа рана промена во SpO2 може да биде резултат на маската на лицето или оперативниот стрес. Бидејќи многу мало намалување во заситувањето на ова ниво, рефлектира големо намалување на PaO2, нашите наоди може да имаат клиничка вредност за здравствените работници и хирурзите.“
4 Што мисли проф. д-р Долорес К. Кахил за носењето маски како мерка за справување со корона вирусот?
Проф. д-р Долорес К. Кахил има диплома од областа на молекуларна генетика. Докторатот и е од областа на имунологијата. Работела на Проектот за човечкиот геном. Пронаоѓач на технологијата и голем број на патенти за анализа на низи од протеини со висока густина. Работела на вакцината против менингитис. Работела и управувала со безбедности лаборатории од класа 2 и 3. Ја ко-основала и развила компанијата Протаген, која во свое време била лидер во светот за правење дијагностички анализи.
Погледнете го следното видео за да дознаете повеќе околу работата на проф. д-р Долорес К. Кахил и кое е нејзиното мислење за носењето маски како мерка за справување со корна вирусот.
5 Што велат производителите на маски за нивната ефикасност при спречување на ширење на вируси?
Конечно, дека маските не се ефикасна мерка за спречување ширење на вируси и бактерии, кажуваат и самите производителите на маски кои се сертифицирани од ЦКБ. Имено, производителите, со цел да се заштитат од било каква одговорност, на кутијата од маските се оградуваат од одговорност и назначуваат дека маските не штитат од заболувања и инфекции.
„Овие маски не го елиминираат ризикот од добивање болест или инфекција“
https://www.shieldian-pro.com/product-page/protective-mask-kn95-25pcs
или „Маските нема да ги заштитат вашите бели дробови. Несоодветна употреба резултира со болест и смрт“.
Заклучокот останува на Вас!