Тука сме да ви кажеме дека со тоа што го направивте денеска, со ваков терористички чин, се убивате сами себе, ја туркате својата земја кон изолација, сиромаштија и ја уназадувате. Овие ракети што денеска го убија невооруженото население во Украина, исто така, ги убиваат и вашите идни генерации, порачаа од здружението „Лејса Украина“, кои попладнево организираа протест пред Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
– Единствено што и преостанува на Русија е терор врз цивилното население. Подмолен напад врз големи украински градови, додека луѓето спиеле и утрото кога тргнале на работа, за да има што повеќе цивилни жртви, како и напад врз енергетски објекти, со цел населението да остане без струја и вода. Тоа е единствено за што сте способни, да се борите со деца и повозрасни лица, без оружје, порачаа од Здружението.
Тие оценија дека ваквите напади уште повеќе ја челичат украинската нација и се заблагодарија до македонската Влада за воена помош што ја пружа и побараа таа да не престане, туку да се засили се до целосно ослободување на Украина.
Се прашуваме со право зошто истиве овие од здружениево, осум години молчеа пред свирепите убиства и разурнувања од страна на властите од Киев врз цивилното население во источниот дел на нивната земја Доњецк и Луганск, во кои загинаа 14.000 луѓе и кое што беше причина за отпочнувањето на специјалната воена операција за денацификација и заштита на овие два региони кои гласаа за отцепување од Украина.