Свет

Зеленски го повика Бајден да дојде во Киев „што е можно поскоро“

У Зеленского рассказали, когда состоится разговор с Байденом | Украинская  правда

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го повика својот американски колега Џозеф Бајден да го посети Киев „што е можно поскоро“, пишува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини извори во Украина.

Според информациите на телевизијата, во телефонскиот разговор претседателот на Украина побарал дополнителна финансиска и воена помош.
Меѓутоа, американската телевизија, повикувајќи се на неименуван американски функционер, ја смета посетата на Бајден на Киев за „неверојатна“.
Како што соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу Бајден и Зеленски, кој траеше околу еден час, американскиот лидер ја потврди посветеноста на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој му вети на својот украински колега „брз и решителен“ одговор од САД и нивните сојузници на „руската агресија“ против Украина.

Двајцата лидери се согласија за важноста да се продолжи со дипломатија и одвраќање како одговор на руското воено зајакнување на границите на Украина, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Related posts

Leave a Comment