Свет

Зеленски го повика Израел да и помогне на Украина правејќи паралела со холокаустот, додека во Мариупол од неговиот батаљон Азов беа запленети нацистички симболи!

ЛАВОВ – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска дека Израел „ќе мора да живее со изборите“ кои ги носи за тоа дали ќе помогне да се заштити Украина од руската инвазија, обраќајќи се пред израелскиот парламент преку видео врска.

Со правење споредба меѓу руската офанзива и „конечното решение“ – планот на нацистичка Германија за истребување на Евреите, Зеленски ја доведе во прашање неволноста на Израел да го продаде украинскиот одбранбен систем „Железна купола“, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.

„Сите знаат дека вашите системи за противракетна одбрана се најдобри… и дека дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците, украинските Евреи“, рече тој.

Зеленски изјави дека Украинците можеби се прашуваат зошто не можат да добијат оружје од нив, зошто Израел не воведе силни санкции кон Русија или не врши притисок врз руските компании.

„Во секој случај, изборот е ваш, браќа и сестри, и тогаш мора да живеете со вашиот одговор, народе на Израел“, рече Зеленски во своето обраќање пред Кнесетот.

Во исто време додека Зеленски тривиално се обраќаше до израелскиот Кнесет, играјќи на картата на страдањето на евреите во втората светска војна, во Мариупол руската војска пронајде нацистички реквизити во напуштен објект на украинскиот батаљон Азов.Можеби токму овој отворен нацизам и антисемитизам кај украинската армија е причина Израел да остане глув на барањата на Зеленски кој очигледно ги помешал работите.

Related posts

Leave a Comment