Колумни

Зоран Курљан : ,,БОГОТ ДОЛАР”

За да не се разбере дека живееме во Поперовата ,, Теориjа на завера ,,. Расфрлани низ глобалните села , но сепак сите живееме под гнетот на ропскиот систем , дизаjниран за целото човештво .

Либералниот капитализам е само еден чекор повисоко во традиционалните робовладетелски интеракции меѓу луѓето.
Одамна веќе не е ,, фенси ,, Господата, да се фалат со ; евтино купен роб , плус неговиот син- гратис. Но затоа , милиони работници : мажи , жени – со разни бои на кожата – со иста гримаса на престарените , не по возраст , лица , со сопствени патишта кон Бог, цело деноноќие без изгрев и залез , наполнети со знаења полезни за извршување задачите на работното место , се вртат по побледениот животен круг ; работа- дома, оставаjќи го породот да биде , згрижен , и , воспитуван , од државата и неjзината идеологиjа. Во времетраењето на оваа вртење низ спиралите на дантеовите кругови , сите стануваат робови на банкстерите и нивните налогодавачи.
Колку е милозвучно двозборието ; социjална мобилност ! Тоа стана увертира во сказката за ,, американската мечта ,,. ,, Можеш да стигнеш до врвот , без оглед на ,, педигре ,, боjа на кожа , религиjа , сексуална фантазиjа . Тесно е на врвот 1 Довчерашни , паjташи , колеги , содружници низ лавиринтите на утрешот , стануваат забезекнато и навредено вчера . Материjата во лава ги вшмукува и … Киборгот е роден ! Живо ткиво кое работи за машини и нивно одржување.
Не се многу пребирливи , светските владики , и сертфикат за доброволно ропство даваат секому и на сите. И тогаш се случуваат фин. кризи , како 2008 , … и целиот процес се вклучува одново , напиен со свежа негативност , до некоjа следна ,, 2008 ,,. Ништо не е променето од времето кога др.Фауст jа направи своjата зделка за да добие знаења за лична полза кои го хранат внатрешното зло. Тоа е метафората коjа jа чува чува од заборав кратката историjа на современиот човек ,.Љубопитен од своjот разум , со подзапоставено спознание за Бог , но со свест за себе , Човекот го напушти Светот создаден по негова мерка . Прилепен , пришиен , приетикетиран е неговиот ,, грев ,, во тоj судбоносен ден .
Неговиот Раj беше узурпиран од Светлоносецот коj го создаде несовршениот хабитус , надграден , cо Армирралните сфери- Сончев Систем. Тората , за западниот пазар преименувана во Стар Завет , сликовито го опишува овоj процес; во Книга за Битието.. Сумерскиот еп за Анунаките , го раскажуваат истото , Ведите ; како индиски , така и славjански , како и многуброjни , свети книги , во речиси сите локални традиции и фолклор.
Игнорирано е правото на избор при решавање на овоj мега проект на ,,богот,, имитатор.
Исто како што неможе да постои ,, првобитен грев ,, Љубовта , како рефлексија на вистината , не може да биде грев , дотолку повеќе што тоа е единствениот природен начин за продолжување на видот , заради кого е реализиран проектот ,, Земjа и Сончев Систем ,,. И Богочовекот , ги подсеќал Евреите на нивната обврска :- плодете се , множете се !
Апостолот на капитализамот Карл Маркс , историски рекламиран како идеолог на намерно искривениот концепт ,, комунизам ,, jа пласира ахуманата теза : Трудот го создаде човекот , и ги окуражи луѓето за идните прометеевски страдања , додека се движат кон следниот ,, чек поинт ,, на своjата судбина, коjа , пак ,е измислена заради лична утеха или самоамнестиjа за комфорт во сопствената тесна кожа .Како оправдување пред егоистичниот разум. Ако постои предопределена Судбина , тогаш што е со Правото на избор кое jа создава личната судбина , со секое ново решение и секоj незапрен чекор.
Од друга страна , учениот , коj jа разгатна суштината на етерот и неговата нарав , Никола Тесла , забележа : ,, Моjа мисиjа , си одредив, да е бесплатна енергиjа за луѓето , и нивното ослободување од теророт на трудот ,,.
Ако е ова природната состојба на нештата , тогаш зошто човештвото е несреќно , во глобални рамки ,? Ако светов во коj живееме е ,, изграден по мерка за човекот , коj пак е смоделиран по ликот божjи , тогаш од каде таа нељубов кон своите деца и постоjан страв од неговата казна ?
И дали го славиме Бог или го богоистоветуваме неговиот вешт плагиjатор , неинвентивен и бездушен?
Одговорите ( секоj за себе ) на овие прашања , на интуитивно ниво , ослободено од покровителството на догмите и ,, класичното образование ,, можат да имаат ефект на колективен мамурлук на видот Хомо Сапиенс во Рудникот Земjа.

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment