Колумни

Зоран Курљан : Втора македонска ренесанса

Фотографија на Зоран Македонец Курљан.

Втора македонска ренесанса

 

Легендарниот Мохамед ел Барадеј, поранешен генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија и добитник на Нобеловата награда за мир за 2005 година, посочи на остар контраст во иднината: или ќе има „максимален притисок, промена на режими и санкции“ или „дијалог, еднаквост, соработка и почит “

Тој потенцира дека „меѓународните институции не можат да се справат со денешните глобални предизвици – тие се целосно над нивната моќ.“ … – Пепе Ескобар.

Ова е клучната сентенца од последниот ,, Астански клуб ,, одржан во главниот град на Казахстан – Нурсултан,каде што всушност беа поставени темелите на ,, Новиот пат на свилата ,, и ,, Поjасот и патот ,, во 2013 година. Дискусиите , во кои што присуствуваат политичари , дипломати , банкари и деловни луѓе , како од Евроазиските земjи , така и од двете Америки и Африка ,се фокусирани на Голема Евроазиjа . Таа , во истовреме стана синоним за < нова архитектура за глобална соработка >.
Иднината ќе се одвива на фонот од : – максимален притисок , промена на режими и санкции , или – диjалог , еднаквост , соработка и почит . Во оваа дилема се содржи суштествената разлика во начинот на менаџирање со ултра- либералниот капитализам , поставена во глобалистичкиот концепт , или суверенистичкиот пристап , во коj е враснат и македонизмот со принципот за еднаквост , соработка и почит. Тоа подоцна , германските и британските квази- историчари ќе го наречат < европско просветителство > , на што широко ќе ги отвори очите , добриот човек и поет од Бога – Рацин , и ќе им се поднасмевне во високомерните лица со профили грабнати од грабливци разни. Против тоj принцип , Архоните од Рим , jа противпоставиjа Инквизициjата . Торквемада , лажеше дека гонат вештици и вештери. Но , беше прав кога ги обвинуваше луѓето за непочитување на римското божество , кои тие го презентираат и продаваат насекаде низ Светот. И , се разбира во пакетот се нудат билети за во раj. Поволно .За олигарсите – екстра понуда. ,, По цена за еден – патуваjте дваjца ,, . ,, Убо а ефтино ,,- е варијантата за граѓаните од вечно транзициските држави…
Ги обвинуваа за ,, црнокнижевност ,, и ,, ерес ,, носителите на, ведските виши предмети и знаења , попатно го уништиjа европскиот гено- фонд , преку грозоморни изживувања и последователно – убиства на убавите , млади и здрави европеjки. Како инаку ќе ,, програмираа квази историjа коjа е фалсификувана заради дворските интереси на германски кралски лози , со цел обединување на ахаjските племиња раштркани jужно од Македониjа?
Врз тоj прицип е направена општествената и социjална архитектура на последното македонско царство , предводено од аскетот Самуил. Тоj сон го сонуваа многу поколениjа Македонци , и предолг е редот на македонски маченици кои ги даруваа младите , непроживеани , животи во последниве ропски 1.000 години.
За него се бореле , за него збореле , за него сонеле учесниците на големиот Илинден 1903, учесниците на НОВ во 1941.
Но комунистите , jа грабнаа победата од рацете на Народот , како што , мимикрирани , во разни партии , но со иста задача , jа киднапираа и Македониjа.

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment