Кога во предновогодишната ноќ 1999 година , на преломот од милениумите , Борис Николаевич поднесе неотповиклива оставка на функциjата Претседател на Руската Федерациjа , а како приемник го назначи В. В. Путин , му зададе удар со темпирано деjствие на колективниот Запад – особено на САД заради деценискиот грабеж на руското национално богатство и понижувачкиот однос кон Големата Држава.
Иако , уште од првиот момент , петтата колона – либералните сили кои беа господари на животот и смртта , преку своите структури ги минираа обидите на новиот претседател за консолидирање на внатрешниот национален потенциjал ; човечки и материjален. Се случиjа ,, Курск ,, Останкинската Кула ,, и наезда на терористички сили контролирани од Британиjа и САД. Некои од тогашните терористички водачи ден – денес живеат во обединетото кралство.
Пензиите беа 10 $ на секои неколку месеци , а платите околу 20-25 $ , западни производи во изобилство започнаа да се поjавуваат во новоотворените продавници , куповната моќ на рускиот човек беше во лоша кондициjа – зошто беше ограбен и обесправен . Предходно , во 1998 година се случи , дефолт , државата банкротира , надворешните долгови не се сервисираа ,и се закануваше реална опасност РФ да се претвори во протекторат со странски , стачајни управители , како завршна фаза од многувековните обиди на Западот да jа подели на 13 фамилии Руската Федерација и да ги користи природните богатства според сопствените потреби.
Овој ,бафометов сабат , го прекина В. В. Путин .
Прво , според законска основа , испрати свои повереници во многуброjните региони за да ги усогласат регионалните закони со федералните . Со тоа jа елиминира можноста од сепаратистички деjствиа и понатамошно делење на суверената териториjа од РФ. Во Чечениjа воjната беше завршена со поставување на многупочитуваниот Ахмед Кадиров на функциjата Претседател на Чеченската Република во состав на Руската Федерациjа. Кавказот доби нов центар на стабилност и Чечениjа стана заштитник на руските интереси од источните религиозни терористички групи и влиjаниjа.
Во 2007 година , при легендарното обраќање во Минхен претседателот Путин го наjави раѓањето на многуцентричниот свет , и враќање на Русиjа на големата сцена од меѓународниот театар на политичките случувања.
Кога забретаниот воз на руската економиjа започна да остварува резултати што не беа по волjа на либерните англо – саксонци , во 2014 г. длабоката држава со пет милиjарди го спроведе проектот ,, Маjдан ,, со што ја поделиjа Украина , преформатираjќи jа во нефункционален Олигархат , и грабеjќи jа со несовладлив апетит. Се надевам ; посветеноста на новиот украински претседател В. Зелински , повторно ќе ги зближи рускиот и украинскиот народ , зошто еден е тоj народ во две држави. ( Белорусите и Полjаците се делови на тоj народ , генетски споредувања на проф. Кљосов ).
Покраj сите фабрикувани – шарени лажги за ,, Лошиот Путин ,, , документарни филмови со пребегнати олигарси како , експертутки и соговорници , реjтингот на Претседателот Путин е потврден со 80% проценти од претставниците на руската нациjа . Во една прилика В. В. Путин ќе признае дека ,, работи како роб на галиjа ,, и тоj негов труд не само што jа врати старата слава на Голема Држава , но и за прв пат во современата историjа Русиjа нема потреба да троши колосални ресурси во трката за вооружување. Авангардот , Кинжалот , Воjводата , Jарсот , Су – 52 …се сега лидерите кои сите сакаат да ги стасаат. Но , кога гео-стратешките соперници ќе стигнат на чекор до ,, победа ,, министерството на генерал Шоjгу ќе ги изненади со ново оружjе , за да можат американските претседатели да ги билдаат и закрепнуваат сметките во сопственост на американскиот воено – индустриски комплекс .
Преди неколку дена , со распуштање на Владата од Премиерот Д. А . Медведев , започнува следната етапа од мисијата на Претседателот Путин ; решавање на проектите од национален интерес, со кои предходната Влада не се справи или не ги испочитува роковите за нивно оживување . Темпото со кое работи тимот на В. В. Путин во реализациjа на зацртаните проекти покажа во минатите две децении умешност , способност и ефективност од коjа им се накострешиjа веѓите на сите недобронамерници. Разбира се ; Пискотници се слушаат од Вашингтон и Лондон … Гледаат од Тауер И Капитол како закрепнуваат ѕидовите и се затвораат портите на нивниот омилен дел од Земjата – Русиjа. Петтата колона , искривена од бес , набљудуваат како нивните спонзори ги пакуваат своите наjнеопходни потребштини и резервираат- Уан веj тикет ту д Мун со ракетите на Илон Маск . Предходно , на сите странски агенти под прикритие од религиозни секти и учења им беше откажано гостопримство ,НВ организации кои добиваат донации од странство , политички движења и партии имаат статус на странски агенти.
Во Москва – Златоглава , либералните – анационални сили секое утро се будат со се помалку аргументи за неминовноста од глобализациjа во коjа традиционалните посебности ќе се рециклираат во био-робот. Тешко е да убедиш мнозина луѓе дека Русиjа мора да се американизира , ако живееш во најтехнолошкиот град во Европа и Америка.
Ова се ( дел ) од фактите кои jа детерминираат високата позициjа на В. В. Путин во светската политка. А фактите се наjтврдоглавите нешта во животот .Тоа што тоj го направи за Русиjа ; Направи jа Русиjа повторно силна , го презеде американскиот Претседател Д. Трамп во победничкиот слоган ; Направи jа Америка повторно голема . Истиот пат го поминува , во голема борба со , длабоката држава , и неjзините притаени оперативци во сите американски државни органи.
Како и обично , наjгласни незадоволници од долгото владеење на Претседателот Путин , се политичарите од магливиот остров , а на престолот е семеjство кое управува со државата четиристотини години.
Зоран Курљан