ХРОНИКА

МВР го бара креаторот на групата „Јавна соба“ каде се споделуваа интимни содржини, известено е и Јавното обвинителство

 

Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во координација со Јавното обвинителство трага по креаторите, кои создале група на „Телеграм“ за да се споделуваат експлицитни фотографии и видеа со порнографски елементи на малолетнички. Групата се вика „Јавна соба“ и според А1ОН и Радио Слободна Европа кои ја открија злоупотребата, таму членуваат околу 7.300 лица. Паралелно со истрагата на полицијата и обвинителството, Министерството за труд и социјала порача родителите на девојчињата кои се мета на злоупотреба тоа да го пријават.

„Да испратам апел до сите родители, чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група, да се обратат до центрите за социјална работа. Нашите стручни тимови стојат на располагање за психолошка помош и поддршка и советување. Исто така, ако се утврди дека и креаторите на групата се малолетници, центарот за социјална работа во соработка со МВР ќе си постапува во рамки на своите надлежности, а со Министерството за образование сме координирани и тие ќе си постапуваат преку своите стручни тимови во училиштата“, изјави Санела Шкриељ, Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Related posts

Leave a Comment