Колумни

Зоран Курљан : МР.ЕНДОРФИН

 

Кога го гледам ЗЗ , од милост наречен Агим , како воодушевено не убедува дека ,, блескаме ,, или егзалтирано ги повикува Македонците расеани по Светов да инвестираат во неговата : фантазмагорична ,, С ,, Македониjа , не можам да jа пропуштам можноста и да не jа споделам со вас сториjата за агимовиот ,, двоjник ,, по дух – Мистер Ендорфин. Светогледот на тоj лик , дисторзиран , од неможноста да jа осознае реалноста , коjа густо се распослала во неговото опкружување , ми беше раскажана од моjот московски другар А. А. Заради непречен тек на наративот , ќе го прераскажам слушнатото од прво лице : … ,,Еднаш , во време на долго патување со автомобил , запревме со моjот приjател во попатно кафе . Намерата беше да доручкуваме и да го продолжиме патувањето. Сопатникот , без да го разгледа менито , веднаш нарача : хот – дог. Jас се воздржав од слично деjствие , иако , стомакот ми беше се залепил за грбот ,. На реjтингот од ,, Мишелин,, ова место веднаш би добило -3 ѕвезди . Ме jадеше jанза за ,, материjалот ,, од кое е направен хот-догот. Никако не можев да ги игнорирам сликите во меѓучерепната материjа , во кои уличните четвороножни ( некогашни ) миленици бегаат во ужас при поjавата на шефот- кувар во ова кафуле, а од заден план ѕирка : голема решетка , под коjа со умерена сила патролира тробоен оган… ,, Не ти е страв? … некоj може да приjави за храната коjа ќе jа jадеш и потоа ќе следат проблеми со зоо-заштитниците ?,, – се пошегував , очигледно -неуспешно. ,, Не го познаваш ти Мистер Ендорфин ,, – мистериозно констатира приjателот – сопатник. ,, Кого – кого?,, – го препрашав . Така jас за прв пат слушнав за Мистер Ендорфин. ,, Комплексното,, , иако на слух брзо jадење , се готвеше долго , зошто кафулето гарантираше , свежо месо , во своjата бест – селинг понуда. Значи , сега го бркаат , донорот , низ паркингот. ,, Кај мене на предходната работа имаше едно , човече ,. Книговодител. Неговата надворшност : да го обjават во потерница , на пример , нема што да напишат за него , значи ,без особени карактеристики. Во средни години. Кога го видов по прв пат , ффуу , си реков : каков , плоснат , неинтересен чичко . Додека , еднаш не го слушнав неговото тивко , како комарец , смеење. Тоj седеше пред екранот на комп.-от и хихикаше. Поминував покраj него и љубопитноста ме натера да погледнам во неговиот монитор.А на него , некаков книговодствен документ и , чичево , се кикоти , гледаjќи во него. ,, Курназ си ти ,,- си реков тогаш. Уште и помислив : ,, Можеби е време за , евакуациjа , од фирмава , дељми оваj се витка од смеење кога го чита нашиот финансиски документ,,. Накратко , ликот , се покажа – манга . Каj него , секогаш и се беше ,, блескаво ,,. Не , Убаво , , фино , или не Даj Бог- ,и така -и така ,. Се и всjа – ,, блескаво ,, . Разбираш ? Се-ко-гаш ! И се. И метеоролошките неприjатности , и тие секогаш беа ,, блескави ,, Се сеќавам , едно утро , се движам кон фирмата , а времето стемнато : како кал да ќе врне , ама заради големата опасност од повреди каj разните популации, сепак се решило на дожд , водени капки , собрани во крупни кластери, кои се ,, кршеа , на оголените но сеуште затегнати шпици од штотуку во , метрополитенот , – купен чадор. Ветер дуваше : северо- западен ( од студен- постуден ) и се пробиваше низ есенската ветровка навнатре до самата кожа , наежена од неприjатната средба со него. Кожените ми обувки : изгледаа тажно . Во такво полу-хаотично улично , есенско сивило , го гледам М.(истер ) Е.( ндорфин ) како стои пред вратите од фирмата , поприлично зацапан во вода , зошто шахтите повеќе не можеа да jа ,, голтнат ,, надоjдената буица , па каскадно се изливаа околу насмевнатото лице на колегата ,коj воодушевено цупкаше по неjзиното дно. Автомобилот , со коj М. Е. се превезуваше од точка А до точка Б , исто така беше ,, блескав,, . Еднаш имав привилегиjа да се возам со неговиот перпетум мобиле. Предниот дел и припаѓаше на ,, копеика ,,( првиот модел на ЛАДА ) , а задницата неодоливо потсеќаше на Москвич- 412. Некаков си моторен Франкештаjн на анорексични тркала. Какафониjата од звуци кои ги произведуваше неговиот , одамна излезен од цветот на младоста ,мотор беа до таа мера вознемирувачки , што jас го замолив колегата да сопре : -,,зошто , речиси стигнавме , а зад аголот е моето живеалиште,,. М. Е. го запре возилото на 50- тина метри подолу , чунки – брзото кочење на беше еден од прерогативите на самоправеното транспортно средство. После тоа морав да пешачам уште 40 минути до наjблиската метро станица , за да можам некако да стигнам до моjот стан. Изборот на хотел за летен одмор , беше исто така – невероjатен. По негова препорака еднаш отидов да летувам во Турциjа. Половина ден ме убедуваше : за наjдобриот одмор во животот , космичкиот хотел , вкусностите кои ги послужуваат на ,, шведската маса ,,. Додека раскажуваше , лиги му се собираа во устата со невкотлива жлба да jа напуштат … – и jас jа ,, голтнав jадицата ,,. Од авионот речиси не искуфериjа во – некаква долина на смртта со месечеви пеjзажи ( вероватно , овде се ,,примесечил ,, Аполо 11 и сите негови последователи , под будното око на маестро Кjубрик). Во тоj ,, пустински раj ,, живеалиште нашле : три големи како дрвjа – трња и нашиот хотел – изграден помеѓу нив. М. Е. беше во прво , навистина космички хотел.До морето можев да се доближам само во моите мечти , хотелот се наоѓаше во ѕвечаркоебина , со единствен возможен превоз – летачки килим. Шведската маса – детска радост ( комплет од путер-че со големина од кутиjа за кибрит-но двоjно потенко од неа и мармалад-че со предходните димензии ) или крем- виршли во сопствен целофан. Jа побарав хотелската,, Книга за Впечатоци ,, и внатре , покраj искрените пораките од сериjата : ,, Да горите во Пеколот ,, или ,, Кога ќе се вратам дома , ќе ги предадам вашите координати на ракетните воjски ,,… прочитав – ,, БЛЕСКАВО !!! Не со еден , туку со три извичници !!! ,, Блескава ,, беше и зеленчуковата супа со крупно – како искршени , а не исечени парчиња од компири , зелка , и делови од крава , коjа што до вчера весело трчала по зелените долини. ,,И сето тоа не беше маска – продолжи сопатникот. 100% натурален лик , без трошка актерски талент , без ниту еден ,, фалш ,, . Се природно и органично. Како едногодишно дете. Можеби во детството тоj паднал во казан наполнет со солзите од поклоничките на срната Бамби, како Астерикс во казанот со волшебен напиток. Наjзабавно од се е тоа што неговото семеjство функционира на истата фрекфенциjа. Еднаш бев гостин во нивниот дом , кога од тортата коjа што ни беше послужена , истапивме два ножа и дополнително искрививме уште еден. БЛЕСКАВО. Кога заминував на кај дома , троjцата ( М. Е. , неговата сопруга и малолетниот син ) ми заблагодаруваа за посетата со силно стискање на дланките и триење по цела должина на рацете , доближуваjќи ги до своите усни , како да сакаа да ги бакнат. ,, ,, Се шегачат со мене ,,- помислив jас … и го ,вклучив, Мистер Ендорфин.,, Послесловие : Во нашиов , конкретн , случаj постои можност , едорфинот , коj е на услуга на нашиот М. Е. да расте во неговите ,, фарми за ендорфин ,, кои одвреме – навреме , ги посетуваат и луѓе во сценски костими од Бетмен или озлогласениот Џокер.

 

Зоран Курљан

 

 

Related posts

Leave a Comment