Колумни

Зоран Курљан: ,, Подигни го духот на Македонецот , врати Му jа гордоста “

Кои се личностите на Минин и Пожарски , инкомпонирани во  споменикот поставен на Црвениот Плоштад ,  во чест на народните водачи  Минин и Пожарски ?

Споменикот посветен на водачите од Првото народно востание Минин и Пожарски во 1612 г. ( Смута организирана од полските интервенти ) е поставен за спомен од Второто народно востание ( против инвазиjата на Наполеон ) во 1812 г. Споменикот е претставен пред jавноста во 1816 г.
Симболиката на неговиот барељеф и фигурите на Минин и Пожарски откриваат порака оставена од едно друго време скриено под историската патина . Гравурите на нидерландскиот графичар Каларт ( 17 век ) од ,, Еснафот на Св. Лука ,, го утврдуваат декодирањето на древната симболика . Сериjата гравури ,,Славjанското Царство на Александар ,, фрла светло на фалсификуваната историjа за Македонците и Русите исплетена од немуштите , но пакосни извитиперувања на Гердманот Шљоцер и останатат братиjа од Петербурската академиjа на науки во почетокот на 18 век . Мотивите за безочниот и разурнувачки историски фалсификат беа очебиjни и меркантилни . Гердманските ,, историчари ,, имаа задача да го потврдат , легализираат владеењето на гердманската династиjа Сакс Кобург со руското , Славjанско Царство , Империjа , под име на московската боjарско семеjство – Романови . Апогеj на историскиот фалш е т.н. Норманска теориjа за потеклото на основачот на руската државност Рарог ( сокол ) наследник – кнез од народот Бодри , мигриран на териториjата на Помераниjа и островот Руен со престолнина Аркан . Бодрите , така наречени по името на водачот Бодри , се Епирци кои после 148 г.р.Х мигрирале кон jужен Балтик ( Пелазгиско Море ) и до 11 век ги зачувале симболите на Царот Александар : Крилатиот коњ , Букефал , и Грифонот . Гердманите го нарекоа Рурик , но наместо гавран , светата птица на Свеите , Даните , Угро – Фините , му го оставиjа соколот – небесниот свет воин на Славjаните . Ветки од ова венециjанска црна аристократиjа ,Сакс Кобург , и во 21 век владеат со Зелената Империjа од Магливиот Албион , Ибериjа , владеат со Даните , раководат со Свеите …
Гравурите на ,, Еснафот на Св. Лука ,, со помош на симболи и архетипови се пренесувачи на вистинската историjа неконтаминирана од политичките желби и барања .
Но , да се вратиме на паметникот од народните водачи Минин и Пожарски .
Общее дело: памятник Минину и Пожарскому — краудфандинговый проект XIX века  | Вокруг Света
На шлемот преставена е Лилиjа ( Крин ) . Тоа значи дека некоj од дваjцата протагонисти е припадник на царска лоза . Иако , симболот Лилиjа е стилизирана пчела . Потоа , дваjцата се лесно облечени во jужен стил. Настаните од 1612 година се одвивале во Китаj Город ( Краен Град ) тогашна московска парифериjа . Од оружjе присутен е меч , но официjалната историографиjа кажува дека оружjа во 17 век на Русиjа биле : бердиш , печаљ и сабjа .
Да jа разгледаме скулптурната композициjа . Исправениот човек е Минин . а седнатиот со неприродно подвиткана под себе лева нога е Пожарски . Левото колено на Пожарски е деформирано . Според пропорциите , кога Пожарски би бил исправен , неговата висина би била за цела глава над фигурата од Минин.
На главата од Пожарски се гледа левото око , додека десното очно jаболко отсуствува .
Фигурата од Пожарски има царско потекло , висок , нема десно око и има деформитет на левата нога , вероjатно заради повреда на коленото . Во пишаната традициjа на европската цивилизациjа постои личност максимално приближена до личноста на Пожарски од споменикот . Тоа е Филип Втори Македонски , таткото на Александар Трети Македонски . За своето време Филип бил висок маж . Неговата висина изнесувала 180 цм. Бил прогласен за Цар на Македониjа кога имал 23 години . Десното око му било избиено од стрела во битка каj Метониjа кога имал 27 години . Согласно историските записи , Филип Втори бил ранет во нога при битка со Скифите во 345 г.п.Х.
,, Филип бил ранет во коленото , и тоа така што оружjето , го пробило телото на Филип и го усмртило коњот под него . После оваа повреда Филип накривувал со левата нога до краjот на животот ,, . Коските од бедрената коска и коленото пронаjдени во неговата гробница биле неправилно зараснати и тоа довело до искривување на ногата и движење со неа под агол од 79 степени . Отворот во коленото сугерирал на пробивна рана од стрела или копjе. Таа доживотна траума му дозволувала одење , jавање , но не и борба на кратко растоjание .
Тезата дека Пожарски е Филип Македонски открива нова дилема . Коjа е личноста коjа е исправена над Царот ? Неговиот антички профил наговестува дека и тоj , како и Филип е Македонец . За разрешување на енигмата можеби ќе ни помогне изjавата на Александар : ,, Филип ми даде живот , но Аристотел ме научи достоjно да живеам ,, . Познато е дека Филип лично се обратил кон Аристотел со молба да се погрижи за воспитување , ерудициjа на идниот македонски владетел :
,, Дозволи ми мене , Филип Царот Македонски да ти се обратам Тебе безусловно наjголемиот ум на Македониjа со голема молба и богати дарови . Почитуваjќи Те тебе како наjголемиот од филозофите Те молам да се ангажираш во воспитувањето на моjот единствен син Александар . Jас се надевам дека Ти ќе го преземиш воспитувањето на моjот син , и ќе бидеш краj него во следните неколку години , коj што уште од детска возраст покажува несекоjдневни способности ,, …
👍Памятник Минину и Пожарскому: история и фото.

На барељефот од споменикот гледаме jавач со щлем на коj има царски симбол Лилиjа ( Пчела ) . На сите медаљони претставен е левиот профил на Филип заради отсуство на десното око изгубено во борба . На барељефот царскиот коњаник е прикажан со левата страна . Воинот коj се заштитува од Филиповиот напад носи скифска шапка . Славни моменти од биографиjата на Филип се и воjните со Скифите . И тука можеби е клучниот момент за интерпретациjа на седечката личност од споменикот .
Која врската на Филип Трети Македонски со Русиjа и зошто негов споменик торжествено се издигнува во центарот на Москва Златоглава ?

ПРОДОЛЖУВА …

Зоран Курљан

 

 

Related posts

Leave a Comment