Колумни

Зоран Курљан : Празник,Упссс, простете , на прогрешна журка сме дошле . Ние одиме да jа славиме Република Македониjа

 

Го разбуди  краткотраjна , но остра  болка во пределот на десната слепоочница . После , како  игла , продирачкиот наплив , тоj дел од главата му пулсираше како ѕвезда пред да се претвори во црна дупка, само што етапите од имплодирачкиот чин течеа премногу интензивно. Но , за среќа на носителот од главата , нашествието на болка  траеше кратко . Ги отвараше очите пополека и деликатно , како да се плашеше , да го привлече назад неприjатното чувство , на кое што  , во утрата ,веќе се навикнуваше. Пред него , на режим – домазет , црнееше огромна плазма ( не кекс ! ) на чиjа површина , со тажни очи jа отвараше и затвараше устата , девоjка ( можеби и метросексуалец , со мазно издепилирано лице ). Сепак , присуството на брадата ,, Еспањол,,  нудеше логичен аргумент за полот на артистот ( артистката ?) Неговиот , другар , првиот доктор во земjата , во коjа што тоj ( штотуку разбудениот ) беше едната глава од двоглавата извршна власт , му советуше : ,,При утринското станување од постелата , убаво е да останеш  , потпираjќи се на   ,петтата точка,  уште  пар минути во креветот – но веќе седнат. Знаеш , дозволи му на телото да се разбуди во хармониjа , а не во стрес – коj бездруго го имаш доволно во твоjата ,, мисиjа ,, ,, .
… ,, Да , да , моjата мисиjа … – помисли владетелот  . Како се изврти таа , па се претвори во неjзината спротивност . Се присети на една од првите средби со високите преставници од нашите западни приjатели ( што бе , приjатели  ?- браќа !!!). Покраj вкусно приготвениот дивеч , пирот , во себе ги содржеше и останатите  атрибути на тогаш уште – македонско без ,, С,, – гостопримство :- Жолта од буре , бела од ..ре , пива ,, Скопски ,, а и ,, Лашки ,, , вина странски – а и нашки , емиши во , возљубената од ,, приjателите , салата ,, Македониjа ,,  во коjа пливаат во густ сладок сок делови од емиши : сите во меѓусебен правопропорционален однос , без доминантен вкус на некоj емиш посебно. Зарзавати во вид на салати со  лесно мешање на компонентите , чунки само во салатата ,, Македониjа ,, мора да се зачува соодносот на распачените емиши  . Благоњки разни : од ,,Туљбен торта,, ,,шеќер-париња ,,  кремаста ,, Шарлота ,,  и кадаиф како злато -личен. ,, Охридската торта ,, jа оставиjа за на краj и уште не доjден неjзиниот ред. На софрата ,, бесна ,, се испеа и по некоја песна . Кулминациjата на уметничкиот дел од теревенката настапи кога , младиот градоначалник jа запеа легендарната ,,Елис ,, на уште полегендарните ,, Смоки ,, ( немаат врска со ,, Агроплод ,, ). Кога , низ песна раскажуваше  за 24 годишната нерешителност да и пристапи на убавата соседка , да и го отвори срцето- рането , низ кои рани ќе се излие сета љубов таена две и кусур децении. Дури и капки телесна течност ( некои , подоцна тврдеа : – солзи беа ! ) се насобраа во аглите на рептилските очи , сопственост на тогашниот гувернер , со престол на Кале.
На , пирот , како главно лакомство : послужено беше и апстрактното тело на тогашниот премиер , коj само спиритуално учествуваше на балот приреден од Воланд , при неговата посета на Македониjа. Очите на младиот опозиционер и успешен градоначалник , блеснаа со силен жар. За да се биде Калиф наместо Калифот ,требаше само ,, техничка ,,  согласност за ребрендирање на земjата . ,, Сите го прават тоа – се ребрендираат . На тоj начин проблемите поранешни исчезнуваат , и ново име – нова нафака- анализираше Блескавиот. ,, Уште и благодарност вечна , за сечењето на гордиевиот jазол , ќе понесам на моиве намачени плеќи,,. Речено – сторено …
Ситни мравки , како да го чувствуваше нивното поминување преку кожата над кичмата  ,  присеќаваjќи се неволно на збиднувањата насекаде низ земjата ( ниту   на името не сакаше да и се сети ). Лавината нарасната од пркос и природен македонски инает , се зголемуваше секоjдневно со геометриска прогресиjа. Скандалите , кои ги продуцираше неговиот кабинет на министри и некомпетентноста на советниците ,кои не можеа или не сакаа да го предвидат колапсот на нивниот Вавилон , му ги намалуваа шансите во покер со народот. Уште при првите неколку,, раце,, од играта , противникот jа сфати  неговата менталност на : компулсивен комарџиjа , со склоност кон блефирање.
Го учеа наследниците на Фроjд и неговиот внук Бартес : ,, Гледаj го соговорникот во очи , при составување на одговорите не врти го погледот кон горе лево или десно , не подголтнуваj во време на одговорот , зошто ќе знаат – ЛАЖЕШ. Исто го уверуваа : масата  луѓе се состои  од :Анимали – кои ги задоволуваат своите инстинкти и водени се од рефлекси , Зомби – тие го формираат светогледот врз основа на информациите добиени од , зомбивизорот , ( телевизорот). Демони – ги знаат фактите за двете претходни категории и манипулираат со нивната свест и разум . Човек – одухотворена категориjа на луѓе , мотивирана од совеста.
Се случи така што и оваа стереотипна поделба на луѓе и недолуѓе не сработи во Република Македониjа . Во огромно мнозинство , македонскиот народ и лоjалните припадници на деловите од народи кои што живеат во Република Македониjа , го прозреа , тенкиот како утринска сумаглица над Белото Езеро , план на антимакедонците од внатре и нивните странски тутори. Не само што го прозреа , туку и го презреа злото анационално. Одговорот нивни пристигна како гром од ведро небо и ги пеплоса шарените мечти на мадафакерите – интелектулци. БОJКОТ . Операциjата ,, Експроприjациjа на експроприjаторот ,, еднаш веќе изведена во минатиот век ,  но овоjпат се здроби како ,, Титаник ,, . Беа фатени ,, живи ,,- зошто два пати не можеш да влезеш во иста река. После приватизациjата , ТАТ-от , Рекетот го доживеа крахот на една епоха , позната како : првобитна акумулациjа на приватниот капитал во Република Македониjа. Комунистичката повторувачка логика е во рамниште на еднодимензионалноста . Нивната анахроност и законзервираност од времето на Бланк Ленин е причина за неизлегување од удобниот аквариум , за кого океанот не постои а интересни се следните 30- секунди ,  потоа се одново на глобалистичкиот рингишпил… П.а.п.к – от беше смислен и реализиран во ерата на пред – времето на инстант – новости , кога човештвото живее во непрекинат поток од информации , а нивната достапност е зачудувачка. ,, Свиркачите ,, кои ,лично , неговата влада ( а пропо : нелегитимна и нелегална ) ги промовираше . Истите тие птицо – подобни луѓе , сега свиркаат за сето она од кое се лично засегнати , или неиспочитувани според личните критериуми. ,,
Кога му го раскажуваа концептот за рекетирање на олигарсите со спротивна идеологиjа , приjателите ( едниот од нив со наjголеми овации беше испратен од гувернерската функциjа , а сега им раскажува на своите внуци : ,, За славното минато на вашиот дедо, со кого долго ќе се гордеете ,,- а другиот ги чисти ( пак ? )  улиците на Пакистан , во улога , повторно , на амбасадор од Кралството на Филип Оранжавиот. ) , го убедуваа ( го убедиjа од одма ) : ситуациjа вин – вин , сите добиваат , освен тие што губат ! Логично – си помислил младиот опозиционер. Неколку години подоцна , логиката jа покажа длабоката – како Сент Андреас пукнатина. Од нивното раскажување – до реалноста , ништо не можеше да биде повеќе различно !
   Сега , во овоj празничен ден , ноѕете му го враќаа телото , од патот кон , тоалетната семеjна просториjа , каде што  со контрасно туширање ,требаше да раз-бодри одлежаниот физикус. Сакаше да лежи , лежи , да се сеќава на денот кога на малите екрани од ТВ приемниците , одеше филмот ,, Jованка од Орлеан ,, … и последната сцена , кога сонцето на Бесон – М. Jовович , одвлечена на кладата од суви дрва , гранки и вити прутjе , а огнот почнува да го разjадува  дрвото  во побрзо темпо , таа извикнува : Ја извршив моjата мисиjа , јас сум избрана од тебе Господе ! ( Молам за констатациjа за зборот Господ , а не Бог ). И уште , да се врати , да работи на земjата  – коjа jа љубеше со детска љубов .
Облаjан од совеста , ( неjзиниот  глас можеше да го слушне само како далечно ехо ) продолжи да го облекува костумот во , роjал- блу , боjа и црвена вратоврска. Ги надена црните ,, Пачоти ,, шузони ( подарок од Сликарот ) , ги , забрилијантира , краевите на неодамна потшишана фризура и беше спремен за настап.
,, Ќе ги воодушевам денес , денес е моjот ден ,, – се куражеше , облекуваjќи jа наjубавата насмевка : Шарм -69. Ќе излезам на бината , а под мене  толпа народ ,  мавта со пропелери разни , подвикнуваат : Браво маjсторе , се уjдиса ! ,, Честит нека е денот на нашата независност ,, – А од таму прашање : ,, Чиjа независност ?,, На Република ,, С,, Македониjа , независноста jа стекна како Република Македониjа ,, ,, Упссс, простете , на прогрешна журка сме дошле . Ние одиме да jа славиме Република Македониjа,, ,, Каде ?,, ,, Насекаде каде што има Македонци ,,. Елементарно , нели ?
Здрава ,жива и цела да биде Македониjа , благословена од Бога и народот !
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment