ФБ Статуси

Зоран Славјански до Миленко Неделковски : Неможе да проектираш визија за иднината а притоа народот да го носиш на загадениот извор на униполарниот свет на НАТО и ЕУ , чии репрезенти ДПНЕ и СДС ја урнаа Република Македонија и ја воспоставија Северна

Миленко Неделковски,
го почитувам неговото дело, емисии, каде има содржини кои се дел од новиот мултиполарен свет, 21 век.
Отиде во Русија да се слика со Родина.
А не пушти ниту една слика, информација од Родина – Македонија, интересен феномен.

Но дали од лично его, дали од некои други мотиви, неможе да проектираш визија за иднината а притоа народот да го носиш на загадениот извор на униполарниот свет на нато и еу нема алтернатива , чии репрезенти ДПНЕ и СДС ја урнаа Република Македонија и ја воспоставија Северна, дното на човековото битисување, евроатланската депонија.
Дали во депонија може да има економска програма ?

Родина била децимала, Глас каде и е Палчо, Бојкотирам немала систем, чек, чек.
Па тие луѓе таму се борат лавовски, секој на свој начин за Република Македонија, ние сме соборци за нашата светија Македонија.
Наместо да ги промовираме тие нови иницијативи, движења, партии, ние го рециклираме еднопартискиот систем ДПНЕ-СДС.
Така си го уриваш делото кое треба да биде визионерско.
Е сега ќешот е кај Интегра, ДПНЕ, СДС и други слуги на системот, што да правиме ние останатите кои не сме евроатлантисти ?
Да се продадеме ?
Наш е изборот да почнеме од децимала, односно од НУЛА, од земја, со сопствените раце, ум, со најдоброто од нашиот народ, да ги поставиме темелите на земјата наша света, да ја врземе арматурата и да ја полниме со најцврстиот цемент наречен МАКЕДОНСКА идеологија, нит евроатланска, нит евроазиска, туку МАКЕДОНСКА и со таква идеологија да влегуваме во глобалните системи.
Наместо да ги промовираме тие вистински нови народни иницијативи ние се однесуваме кон нив евроатлански, нема ќеш, нема простор.

Ние веќе победуваме, се повеќе наРОД префрламе од другата страна, каде живее Суверена Македонија.
Само тоа ни е важно, да си ја вратиме Републиката и нашиот Славен Македонски наРОД.

Зоран Славјански

Related posts

Leave a Comment