Колумни

ЗОРАН СЛАВЈАНСКИ : Заев е производ на еден антивредносен систем кој своите корени ги влече од првиот куршум испукан кон невин човек на кој единствен грев му бил што се залагал за слободна, обединета, социјално праведна Македонија

Фотографија на Zoran Slavjanski.

Оставката на Заев

Заев е производ на еден антивредносен систем кој своите корени ги влече од првиот куршум испукан кон невин човек на кој единствен грев му бил што се залагал за слободна, обединета, социјално праведна Македонија.
Од тогаш до денеска 150 000 Македонци имаат Досије за Македонизам и илјадници на кои гробот не им се знае.
Во Македонија, Досије за Македонизам?! Хм

Ако Македонците се прогонуваат, тогаш кој владее ?
Равенката е едноставна Анти-македонски, анти-вредносен, анти-човечен систем.
Единствен производ на тој систем е криминал, корупција, распородажба на државните добра и интереси и хедонистички блуд.
Производот на тој блуд, односно на целиот тој општествено-политички систем е 2/3 Северна во служба на евроатлантизмот, за да евроатлантизмот ти обезбеди заштита на криминалот.

Дали сте сигурни дека Заев дал оставка, односно дека тој систем дал оставка ?
Дали навистина мислите дека овие што ќе дојдат после Заев не се дел од истиот тој систем ?
За да прикриеш годишен криминал од 650 милиони евра народни пари, потребен ти е консензус на целото општество од врхушката, судот, обвинителите, медиумите па се до локалните феудалци.
Кој одговорал за крупен криминал ?

Решението ?
На блуд, неморал анти-вредносни системи, анти-македонизам, нато и еу нема алтернатива ?
На лошото – доброто, на немање вредност – вредност, на неквалитет – квалитет, на неморал – морал, на ситнодушност – духовност….
Каде треба таа промена да се случи.
Знам, знам во Третиот пат.
Не бре човек, во ТЕБЕ, ти си тој квалитетен скок на општеството!

ЗОРАН СЛАВЈАНСКИ

Related posts

Leave a Comment