Колумни

Зоран Јованоски: Што е најбитно да се цитира од вчерашниот СУПЕР ДРЖАВНИЧКИ говор на Путин, кој мене особено ми остави впечаток

Нема опис за фотографијата.

Сломот на Американската хегемонија е процес кој е апсолутно неповратен. Ние се бориме да диктатурата и хегемонизмот на Америка, Британија и политичкиот запад, засекогаш останат во минатото.

Еднополарниот свет кој Америка го изгради (и сѐвкупно политичкиот запад), е лажлив, НЕПРАВЕДЕН, и е во функција на геополитичкиот интерес на Америка и западот (а не заради принципите и вредностите кои ги прокламираат), и како таков содржински и суштински е ЛИЦЕМЕРЕН.

Русија НЕМА да живее по правилата наметнати од страна на политичкиот запад (предводени од Америка), затоа што тие имаат ДУПЛИ и ТРОДУПЛИ стандарди (а јас би рекол 100 аршински).
(Потоа рече…)
Ако на „западот“, не му е потребна Русија, Русија си е потребна на самата на себе. И ако „светот“ нејќе да постои голема и јака Русија, што ќе ни е тогаш нам таков свет!? (рече Пуќин)
Многу држави денеска го предадоа својот суверенитет во корист на САД (а таква е и Македонија), и со тоа извршија ПОЛИТИЧКИ МАЗОХИЗАМ врз сопствениот народ, воспоставувајќи НОВИ и нетрадиционални меѓународни односи, чествувајќи ја Америка како БОГ.

Многу држави денеска војуваат против Русија, иако е тоа без одобрение од сопствениот народ и против интересот на сопствениот народ.
Го рече и ова…
Крајна цел на политичкиот запад на чело со Америка е да ја види Русија како сопствена КОЛОНИЈА и истиот на таа цел системски работи во изминативе децении.
И за крај рече…
Никогаш нема да прифатиме некои од вредностите на политичкиот запад, а особено нема да ја прифатиме вредноста наречена РОДИТЕЛ 1 и РОДИТЕЛ 2.
_______________________________________________________________________
p.s
Секогаш кога парафразирам нешто па дури и литература и поезија, во парафразата додавам малку и свој „зачин“ но ништо суштински не менувам. „Зачинот“ го додавам само и само за истото да се чита полесно, да звучи подобро и подобро да се сфати суштината и пораката.
А суштината на вчерашната порака на Путин беше таа. Погоре напишаната…

Зоран Јованоски

Related posts

Leave a Comment