Секоја една држава го носи името по матичниот народ кој живее во неа. Русија е Русија оти во неа матичниот народ се Русите. Германија е Германија, ото и во неа матичниот народ е германски i и т.н. Кој е матичниот народ во Северна? Има таков народ забележано во книгата на постоечки народи?
Јас сум роден во МАКЕДОНИЈА и сум државјанин на Македонија! Која е таа држава Северна Македонија? Јас таква не познавам! Јас за тоа на никој не му дадов право да го менува! Па зошто сега да ги легитимирам со моето гласање оние кои ме помножија со нула и ме направија подолу од црв? Па зарем до толку немам достоинство и почит пред се за самиот себе си, а и за оние кои гинеле млади и стари низ вековите за Македонија? Каде ќе ми оди душата (ако си дозволам преку гласање на овие квислиншки избори) да плукам на нивните гробови, на нивните предвреме завршени животи, да ги плукам нивните фамилии и нивните деца, предвреме оставени без татковци и мајки кои оделе и се бореле и животот го давале за МАКЕДОНИЈА! Затоа БОЈКОТ!!!!!
И малите луѓе можат да направат големи дела, само ако знаат што прават! За еден образ живееме и една татковина имаме, а тоа е Македонија! НЕ СЕВЕРНА, АМИ МАКЕДОНИЈА! Денес не се времињата кога со пушка се одело по кориите и планините да се борат за слобода на татковината. Денес пушките се заменети со пенкало кое во овој случај треба да се остави да мирува, за да го зачуваме образот, да останеме со чиста совест и за нас и за нашите поколенија! Оти не сме вечни овде на Земјава, ама нашите дела вечно ќе останат забележани и запамтени. Не сакам да им оставам срам на моите поколенија, да покажуваат со прст на нив дека нивните предци си ја продале татковината за НИШТО и без трошка отпор! Затоа БОЈКОТ!!!!!
Да, можеби не можам во моментов да го избегнам печатот со Северна во пасошот, но барем нема да си дозволам сам да си ставам печат на душава затоа не ми паѓа ни на крај памет да гласам за ѓаволовата творевина Северна! Тој печат, тој мур е најстрашен и трае вечно! Северна е само привремена направија, колку да се видиме сите колку ни вреди душата и колку ни е голема љубовта и почитта кон родната земја, која не здомила и исхранила. Таа ни дала леб, колку можела толку, сполај и. А ние како фала треба ли да фрламе по неа со камења гласајќи за нејзините предавници и мачители, за оние кои и го променија името?
БОЈКОТ!!!!! Не само за спас на Македонија туку и за личен спас, за спас на своите најмили, за спас на моралот и човековите вредности ….. за спас на љубовта, човекољубието, духот и душата, кои сатанистите сакаат да ги избришат за да го остварат својот сон да владеат со светот.
БОЈКОТ!!!!! За да не бидеме соучесници во овој најмонстуозен план за уништување на луѓе, народи…за уништување на светот.
Солунските Атентатори се потрошија за Македонија! За кого ќе се потрошиме ние ако гласаме на избори во ѓаволовата творба Северна Македонија? Затоа БОЈКОТ!!!!