Свет

Игор Конашенков: Руската армија со ракети „Искандер“ уништи повеќе од 100 националисти и платеници кои се наоѓаа во одбранбениот штаб во Харков

UKRAJINSKA VOJSKA VIŠE NE POSTOJI Rusija strahovitim udarima uništila borbenu tehniku i ljudstvo Kijeva

Руската армија со употреба на ракети „Искандер“ уништи повеќе од 100 националисти и платеници кои се наоѓаа во одбранбениот штаб во Харков, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Игор Конашенков.

Дополнително, наведе тој, руската авијација успеала да го оневозможи воениот аеродром во Миргород во областа Полтава, а освен тоа уништила неколку украински хеликоптери и еден авион, како и складиште за гориво.

– Од почетокот на специјалната воена операција уништени се вкупно 125 украински авиони, 88 хеликоптери и 381 беспилотно летало. Уништени се и 1.888 тенкови и други борбени возила, 205 ракетни системи, 795 парчиња полска артилерија и минофрлачи, како и 1.771 единица моторизирана опрема, прецизира Конашенков.Тој исто така рече дека само денеска руската армија погодила 28 украински воени објекти.

Меѓу нив: два магацини со ракетно и артилериско оружје и муниција, како и 23 области на концентрација на воена опрема на Вооружените сили на Украина.

Специјалната воена операција на Русија во Украина започна на 24 февруари. Во Мариупол и Донбас се водат жестоки борби. Според руската страна, два украински хеликоптери вчера го нападнале складиштето за нафта во Белгород. Украинските власти не ја презедоа одговорноста за нападот.

Related posts

Leave a Comment