Колумни

Игор Цветковски : Единствената смисла за учество на овие избори е доколку македонскиот народ се сплоти во една независна листа за да го поништи северџгансково зло

Изгледа, Миленко, не знае што значи независна листа на која би можел да биде и предводник или дел, независна листа која ја овозможува изборниот законик каков што е сега, за која за да учествува на изборите се неопходни 1000 потписи од секоја изборна единица, значи над 6000 вкупно, дадени во општините како што се прави за секоја друга граѓанска иницијатива, со лично присуство и лична карта, без изјави на натор, без било какви плаќања како што некои се обидуваат да го лажат неупатениот народ. Ако за ваква ситнурија се лаже или не се знае законот, што да се очекува во иднина од таквите пУлитичари?!?

Создавањето на нова македонска држава не може да се изведе преку постоечките системски-естаблишментски партии, не смее да биде тоа партиско-идеолошка победа која постојано ќе ги провоцира другите-партиско неподобните и само ќе се зголемува раздорот меѓу народот, туку тоа мора да биде НАДпартиски, НЕидеолошки пристап, плетенка на здравиот македонски потенцијал кој досега немал шанса институционално да ја остварува македонската визија и со луѓе кои не биле високи партиски чинители, колку и да им била мала партијата или веќе се видени истрошени политичари.

Доколку не се успее во собирањето на тие 6000 потписи нема зошто воопшто да се учествува на изборите макар и се успеало во собирањето на 1000 изјави заверени на нотар со пари( не многу сепак), за регистрација на некоја партија како би била само декор при северџганскава лакрдија.

Единствената смисла за учество на овие избори е доколку македонскиот народ се сплоти во една независна листа за да го поништи северџгансково зло во сите сфери и да создаде услови за избор за ново уставотворно собрание, кое би донело уставни одредби кои би биле потврдени или не од народ.

Значи македонскиот народ со мнозинство од над 50% од вкупно запишаните гласачи, да го избере својот Устав за во иднина било кој нов амандман да биде додаден или не од народот, не од пратениците.

Какво системско уредување, партиско ли, претседателско ли, ќе имаме според новиот устав, ќе се дебатира и усвои, отакако се прогласи се црпковистичко за неважечко, а со оглед на тоа што би се донел и нов устав, и охридски, мајски, амнестии, промена на знаме,се тоа би паднало во вода.

Дел од таа независна листа може да биде и ВМРО-ДПМНЕ, и ЕМ и било која партија, но не како партиско-идеолшки ентитет, туку преку нивни членови,рамноправни со останатите кандидати, суверенисти, мултиполаристи, кои ги разбираат промените кои надоаѓаат во светскава геополитика, со 30.09.2018 како водилка, со огромна волја за создавње нова македонска држава, со нови луѓе од нивни редови, подготвени дека можеби ќе бидат само 2-3 месеци пратеници–до самораспуштањето на тоа собрание ради изборите за новото уставотворно собрание. Така само може да се добијат 2/3 пратеници.

Ако се’ ова како основа не се разбере, нема зошто понатака во детаљи да се навлегува за да се дообјасниме, ниту пак да се учествува на изборите.

Но ако се инсистира дека мора да се има партиски пристап, тогаш после евентуалниот неуспех на изборите,за сите, токму Родина,која до сега ми се чини има собрано околу 500 изјави(потписи) и која колку што знам нема да учествува на изборите како партија макар и се регистрирала, туку нејзини луѓе би биле дел од таа независна сплотена отворена листа, би била таа партиска сила која би го впила во себе сиот преостанат македонски потенцијал за преку неа да се оствари македонската победа, доколку сеуште имаме илузија за држава.

Не сум дал потпис за Родина, нема ни да дадам, но им посакувам успех од срце, особено што знаат што значи да се надмине јасството заради многу многу повозвишена цел од некакво си партиско џавкање во собранието на северџган. И не се единствена групација со таков став.

Ми се чини и Миленко природно припаѓа на таа македонска листа, го разбира моментумот, но можно е да се лажам.

Related posts

Leave a Comment