Свет

Париската полиција повторно со солзавец против демонстрантите

ПАРИС – Француската полиција денес употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои блокираат автобуски паркинг во Париз, протестирајќи против плановите на владата на премиерот Емануел Макрон за зголемување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години, пренесува Танјуг.

На снимките објавени на Твитер од телевизијата БФМ се гледа дека полицијата испукува солзавец кон група луѓе собрани на влезот на паркингот.

Протестите, кои денес влегоа во 29тиот  ден, се најдолги од 1968 година, пренесува Ројтерс.

Францускиот тврдокорен синдикат ЦГТ,вчера повика на продолжување на штрајковите во земјата , еден ден откако претседателот Емануел Макрон рече дека нема да се повлече од реформите во пензискиот систем бидејќи тоа е „проект за социјална правда и напредок“.

Related posts

Leave a Comment