ХРОНИКА

Избори се ближат!Вооружен грабеж во Ѓорче, ограбена експозитура на НЛБ Банка

Како по дифолт грабежи на банки случајно или не се случуваат пред избори, па оттаму се почести се шпекулациите меѓу граѓаните дека грабежите се изведени од криминални структури поврзани со дел од политичкиот естаблишмент, се со цел обезбедување на финансиски средства потребни за политичка кампања.

Експозитурата на „НЛБ Банка“ во скопската населба Ѓорче Петров утрово е ограбена. Веста ја потврдуваат од менаџментот на банката од каде соопштуваат дека станува збор за вооружен грабеж и оти  нема повредени лица.

Како што објавија од НЛБ, висината на штетата наскоро ќе биде соопштена.

Во известувањето од банката се вели:

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, наведуваат од НЛБ Банка.

Related posts

Leave a Comment