Свет

Израелските воздухопловни сили започнаа огромен напад врз Дамаск: Фотографии и Видео

Обновено :

“Израелските ракетни напади” убија 4 сириски цивили, вклучувајќи и бебе, повредени 21 .

 

Израелските воздухопловни сили отпочнаа силни напади врз југозападниот и западниот дел на Дамаск главниот град на Сирија оваа вечер, удирајќи на голем број локации што припаѓаат на сириската војска.

Според извори во Дамаск, израелските воздухопловни сили ги погодиле  Мезех, Џараја, Сахнаја и Дараја.

Изворот соопшти дека израелските воздухопловни сили дури го прошириле својот напад во провинцијата Хомс, каде што се насочиле кон локации во близина на либанската граница.

Тој додаде дека израелските воздухопловни сили го започнале нападот од либанскиот воздушен простор.

Вечерашниот напад од страна на израелските воздухопловни сили е  четврти  во последните 30 дена во Сирија.

 

Западен Дамаск
Западен Дамаск

Related posts

Leave a Comment