Свет

Израел: Вакцинирање деца на возраст од 12 до 15 години поради делта видот

Израел денес издаде препорака сите деца на возраст од 12 до 15 години да се вакцинираат против ковид-19, поради новите жаришта што ги предизвика Делта варијантата на вирусот.

Израел минатиот месец донесе одлука адолесцентите да можат да се вакцинираат, но досега одлуката им ја препуштше на родителите.

Во ситуација кога околу три четвртини од Израелците примиле вакцина, бројот на новоинфицирани падна нагло од 10.000 дневни случаи во јануари на едноцифрен број овој месец.Оттогаш, земјата се откажа од скоро сите ограничувања на социјалното дистанцирање, иако нејзините граници сè уште се во голема мерка затворени за туристите.

Меѓутоа, минатата недела во две училишта беа забележани рецидиви на ковид-19, а дневната стапка на позитивност повторно се движи до 100, покажаа податоците на израелското Министерство за здравство.

Како одговор, Министерството издаде официјална препорака за вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години, истакнувајќи дека бројот на патувања во странство се очекува да се зголеми во текот на летото.

Related posts

Leave a Comment