Регион

Илир Мета: Албанија не може да се меша во дијалогот меѓу Србија и Косово

 

Претседателот на Албанија, Илир Мета, истакна дека Албанија не може да биде дел од дијалогот помеѓу Косово и Србија, пренесува telegrafi.com.

Во интервју за телевизијата РТВ-21, шефот на државата рече дека дијалогот меѓу Приштина и Белград треба да заврши на најдобар начин за двете земји, но и за целиот регион.

„Албанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Косово и Србија, оти секаква интервенција од Албанија во овој дијалог или во одредени теми од дијалогот, практично претставува кршење на независноста и легитимитетот“, рече Мета.

Мета кажа дека улогата на Албанија е да придонесе кон поттикнување на косовските институции и политички фактори поблиску да соработуваат, за да постигнат консензус за клучните теми што би придонело за финализација на дијалогот и меѓусебно признавање.

Related posts

Leave a Comment