Свет

Илјадници луѓе во Единбург на маршот за независност на Шкотска

 

Илјадници луѓе присуствуваа на маршот за независност на Шкотска во Единбург во саботата, а претставник на Шкотската национална партија соопшти дека се собрале 250.000 луѓе.

„Каков ден! 250.000 луѓе маршираа со нас за независност во Единбург“, напиша Џон Чери на Твитер за настанот на кој многумина го носеа шкотското знаме. 

„Не можев да бидам физички со вас, но ќе бидам дух. Имајте убав ден. Несомнено, се приближуваме кон независноста“, преку твит одговори шкотската премиерка и лидер на СНП, Никола Старџон, која се спротивставува на Брегзит. 

Организацијата „Сите под едно знаме“ соопшти дека околу 100.000 луѓе присуствувале на сличен настан во Единбург минатата година, но локалната самоуправа проценила дека дошле околу 20.000 луѓе, пренесува Би-Би-Си. Тие изјавија дека настанот има за цел да се „официјализира потребата за независна Шкотска“. 

Старџон планира да одржи референдум за независност на Шкотска во рок од две години по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Во средата, таа го обвини британскиот премиер Борис Џонсон дека се обидува да ја извлече Велика Британија од блокот без договор за излез. 

„Шкотската стартна позиција е јасна. Предлозите на Џонсон ќе не извлечат од ЕУ, единствениот пазар и Царинската унија против нашата волја“, рече Старџон.

На првиот шкотски референдум за независност во 2014 година, 55 проценти од гласачите поддржаа да останат во Обединетото Кралство.

Related posts

Leave a Comment