Свет

Ирански воен авион се урна во вулкан ВИДЕО

Avion pao u vulkan

Ирански воен авион се урна на планината Сабалан, во провинцијата Ардебил, потврди агенцијата ИРНА. Спасувачките екипи се испратени во потрага по преживеани.

Засега не е соопштено официјално за тоа каков авион станува збор, или колку луѓе имало во него, пренесува  Раша Тудеј. Очевидци изјавија дека станува збор за ирански воен борбен авион и дека паднал во центарот на неактивен вулкан.

Сепак, според телевизијата ИРИБ, станува збор за борбен авион МИГ 29 кој летал од својата база во Ардебил, додека руските медиуми објавија дека станува збор за ирански воен борбен авион и паднал во центарот на неактивен вулкан.

 

Related posts

Leave a Comment