Свет

Ирански командант повика: Засилете ги нападите врз американските сили

Багдад – Висок командант на иранската револуционерна гарда ги повика припадниците на ирачката шиитска милиција да ги интензивираат нападите врз американски цели, тврди Ројтерс.

Британската агенција се повикува на три извори од милицијата и два извори на ирачките безбедносни сили кои биле информирани за тој состанок.

Американските сили во Ирак и Сирија беа нападнати неколку пати по посетата на иранската делегација на Багдад, предводена од шефот на разузнавачката револуционерна гарда Хосеин Таеб, која уследи по смртоносните воздушни напади на САД врз милициите поддржани од Иран на сириско-ирачката граница на 27 јуни, пренесува агенцијата Ројтерс.

Повикувајќи на одмазда, Иранците ги советуваа Ирачаните да не одат предалеку за да избегнат поголема ескалација, тврдат неименувани извори.

Конфликтот се разгорува поради значителни несогласувања што ги загрозуваат дипломатските напори за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Related posts

Leave a Comment