Свет

Ирански официјален претставник предупредува дека Израел ќе постои само уште половина час “ако САД го нападнат Иран

 

 

Мојтаба Золоур, претседател на комисијата за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, предупреди во интервју за телевизиската мрежа на арапски јазик со седиште во Техеран, Алалам- дека ако САД го нападнат Иран, “само половина час ќе остане од израелскиот животен век”.

Изјавата беше дадена  во време на постојано зголемување на регионалните тензии поради  влошените врски меѓу САД и Иран ; Израелскиот разузнавачки извор, пак, наводно тврди дека Иран може да се обиде да го предизвика Израел на една од своите граници за да се обиде да ги ескалира тековните непријателства со САД.

Американските и иранските тензии ескалираа минатиот месец по наводниот  саботажен напад врз двата танкери за нафта во иранското крајбрежје во Оманскиот Залив. Вашингтон веднаш го обвини Техеран за нападите, додека иранското Министерство за надворешни работи ја обвини администрацијата на Трамп и сојузниците на Соединетите Американски Држави од Заливот, дека намерно ја ескалирале ситуацијата за “прикривање” на американскиот “економски тероризам против Иран”.

Односите меѓу Иран и Израел, исто така, остануваат затегнати, при што еврејската држава постојано ја обвинува Исламската Република за поддршка на “терористички групи” како што се  Хезболах  и Хамас, како и за водење на војни во земји како Сирија, кои би можеле да претставуваат закана за безбедноста на Израел. Иран ги негираше обвиненијата, обвинувајќи го Израел и неговите сојузници за  воена агресија низ целиот регион.

Золоур го отфрли тврдењето на Трамп дека го спречил американскиот напад врз Иран

Исто така, во интервјуто, Золоур го отфрли неодамнешното тврдење на американскиот претседател дека тој, наводно, спречил воздушен удар врз Иран  само 10 минути  пред почетокот , како “политички блеф”.

“Ако тие ,,Американците,, предвидоа дека нивниот напад ќе биде успешен, тие не би го откажале и тој дефинитивно би се случило”, рече Золоур.

Неговите коментари доаѓаат откако  американскиот претседател Доналд Трамп  на 21-ви јуни даде изјава потврдувајќи дека “го запрел” воениот напад врз три локации во Иран 10 минути пред да биде започнат, откако дознал дека околу 150 луѓе ќе умрат во нападот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пак, исто така, фрли сомнеж врз забелешките на Трамп минатата недела.

“Бевте навистина загрижени за 150 луѓе? Колку луѓе убивате со нуклеарно оружје? Колку генерации сте избришале со ова оружје? “Зариф беше цитиран од страна на иранската новинска агенција ИРИБ,за атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки во август 1945 година, со што заврши Втората светска војна.

Реперкусии по соборувањето на ИРГЦ  американското беспилотно летало

Tвитовите на Трамп ги потврдија претходните извештаи во медиумите дека американскиот претседател, наводно, одобрил напад врз Иран како одговор на ударот врз беспилотното летало во четвртокот, но во последен момент го повлекол.

На забелешките на Трамп му претходеше Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИГГЦ), велејќи дека на 20-ти јуни тие го уништиле американското беспилотно летало Глобал Хок RQ-4 , кое летало над провинцијата Хормозган над јужниот дел на Иран, поради прекршување на воздушниот простор на земјата.

Централната команда на САД, од своја страна, рече дека беспилотното летало било погодено над меѓународните води во Ормудскиот теснец. Со тоа се влошија веќе напнатите односи помеѓу Техеран и Вашингтон, кои се влошуваат откако Трамп го објави повлекувањето на САД од нуклеарната програма на Иран 2015 година, исто така позната како  Заеднички сеопфатен план за акција  (JCPOA) на 8 мај 2018 година. Дополнително, Трамп рече дека ги враќа острите економски санкции против Иран.

 

Related posts

Leave a Comment