Свет

Иран и Израел на работ на војна

Заменик командантот на Иранската револуционерна гарда Голамали Рашид денеска ги предупреди сите земји вклучени во израелската агресија против Иран дека ќе ги трпат последиците, пренесе Ројтерс.

Рашид рече дека Иран го смета Израел за голема безбедносна закана, објави иранската новинска агенција Тасним, во услови на застој во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Израел смета дека е загрозен од иранската нуклеарна програма и се закани со воена акција доколку дипломатските напори за ограничување на нуклеарните активности на Техеран не дадат резултати.

Иран веднаш одговори дека ќе возврати на секоја агресија.

Related posts

Leave a Comment