Свет

Ирска од денес ќе ги укине повеќето ковид ограничувања

Ирска од денес ќе ги укине речиси сите ограничувања за ковид-19, вклучително и мерките поврзани со угостителскиот сектор, ограничувања на спортски настани и барање за доказ за вакцинација за влез во затворени простори, изјави денеска министерката за правда Хелен Мекинти. Ирска имаше втора највисока стапка на зараза во Европа, но и најголем број граѓани во Европа кои ја примија третата доза од вакцината.

Ирска на 22 јануари ќе ги укине речиси сите ограничувања за ковид-19, откако големото зголемување на бројот на заразени не доведе до значително зголемување на бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега.

Ирска минатата недела имаше втора највисока стапка на зараза во Европа, но и највисок европски број граѓани кои ја примија третата доза од вакцината, што придонесе значително да се намали бројот на тешко болни лица.

Следејќи ги советите на службениците во јавното здравство, владата одлучи баровите и рестораните повеќе да не се затвораат во 20 часот, ограничување воведено минатата година кога во земјата се појави омикронската варијанта на коронавирусот или да побараат од гостите доказ за вакцинација.

Капацитетот на отворени и затворени простори, исто така, треба да се врати во полн капацитет, со што ќе се отвори патот за полни стадиони на Шампионатот во рагби на шест нации во февруари.

Некои мерки, како што е обврската за носење маска во јавниот превоз и во продавниците, остануваат на сила.

Во Ирска, 6.087 луѓе починаа како резултат на коронавирусот, а повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата.

Related posts

Leave a Comment